Приказни Alfa Romeo 4
“Приказни Alfa Romeo”, четврта епизода: Alfa Romeo е првиот конструктор кој победил во Формула 1
Врската помеѓу Alfa Romeo и Формула 1 испиша историја во спортскиот автомобилизам: токму марката на Бишоне ја освои првата Голема награда на првата трка од најголемото натпреварување во автомобилизмот воопшто, одржана во 1950 co Нино Фарина зад воланот на Алфа Ромео Gran Premio Tipo 158 “Alfetta”, а успехот е потврден и во 1951 од Хуан Мануел Фанџо со Alfetta 159.
Илјадита трка
На 13 мај е роденденот на првата трка за Големата награда на Формула 1, еден од најголемите спортски митови на нашето време. Создавањето на трката за Големата награда на Формула 1 (Силверстоун, 1950) се прослави од страна на Интернационалната федерација во Шангај на 14 јули 2019 (во чест на илјадитата трка), а ќе биде одбележано и на 13 мај 2020 (кога Формула 1 полни шеесет години).
Две епохи на споредба: во 1950 кацигата на возачите сè уште не е задолжителна, не постои телевизијата и гледачи се само оние кои се присутни околу тркачката патека. Денес, “циркусот” е глобална индустрија, ултратехнолошка, која стигнува во домовите на милиони гледачи преку телевизијата и интернетот.
Заеднички се само две нешта: страста на публиката и Alfa Romeo – која се врати на тркаќките патеки во 2018 заедно со Заубер, и која во 2020 доби ново име на тимот Алфа Ромео Racing ORLEN.
Alfa Romeo не беше иста без Формула 1 . И, секако, Формула 1 не беше иста без Алфа Ромео.
Alfetta 158
Alfetta во 1938 е вистински технолошки украс. Има мотор со 8 цилиндри во линија со компресор со моностадиум и карбуратор со тројно тело кој е создаден од страна на Џоакино Коломбо, шеф на проектантското биро, кој сака да создаде моќен автомобил, со извонредно време на забрзување и многу доверлив. Распределбата на моќноста придвижена преку двојна брегаста осовина во главата. Примената на лесна легура (elektron за моноблок, челик во никел-хром за осовината на моторот) овозможува намалување на тежината на моторот на само 165 килограми. Менувачот свое место зазема на задниот погон, во блок со диференцијалот. Тоа е познатата шема “transaxle”, која гарантира помал габарит и оптимална дистрибуција на тежината на двете оски: решение кое Марката ќе го пренесе понатаму на автомобилите од сериско производство.
Светскиот конфликт ја прекинува низата на истражување и ја прекинува еволуцијата на автомобилите: но, проектот предвидува и технички решенија кои се толку софистицирани што и после војната се врвни – а, тоа трае и до ден денес.
Бегство во Абијатеграсо
Постои една физичка постојаност, не само кај проетките, помеѓу првата и наредните 158: бидејќи автомобилите со кои Alfa Romeo почнува одново се буквално истите – скриени во исчекување на крајот на непријателствата.
Доаѓаме до 1943. Милано е окупиран град, на дневен ред се претресите и апсењата. Во Портело се зачувани неколку автомобили Alfetta 158, кои ризикуваат да станат воен плен. Техничките лица и работниците на Alfa Romeo решаваат да ги сокријат и за таа цел организираат нивно неовластено преместување. Неколку вљубеници Алфисти ја нудат нивната помош за сокривање на колите: меѓу нив, возачот на едносед Акиле Кастолди, кој во 1940 постигна светски рекорд во брзина, токму со моторот Alfa Romeo 158.
Но, нешто не оди како што треба. Една патрола на Вермахтот ги запира и бара објаснување со вперени пушки. За среќа, одговорниот за тестирање и одобрување Пјетро Бонини е Швајцарец и долги години живеел во Берлин. Како зборува совршено германски, пристапува полн со самодоверба и мавта пред патролата со пропусницата за движење. Така го спасува конвојот. Камионите тргнуваат. 158 ќе бидат однесени во сервиси и земјоделски фарми, затскриени зад ѕидовите и покриени со дрва – во исчекување на подобри времиња.
Чинот на создавање на F1
Во првите години по војната, истите тие 158 се вратени во Портело, средени и доведени во состојба да се натпреваруваат. И веднаш се враќаат со победа, иако вистински Шампионат сè уште не е создаден. Помеѓу 1947 и 1948, Нино Фарина триумфира во Женева на Големата награда на нациите, Варци стигнува прв на целта на Големата награада на Валентино во Торино, а Троси победува на Големата награда во Милано. Пораката е силна и јасна: Alfa Romeo е победнички тим.
Британската Голема награда во Силверстоун во 1950 е прва од седумте трки на новосоздадениот Светски Шампионат на ФИА во Формула 1. Земјите кои војуваа само неколку години подоцна за прв пат се обединија преку една спортска трка: тоа е историски момент. А, историска е и потврдата на Alfa Romeo.
На првите четири места се пласираат четири автомобили Alfetta 158. Џузепе “Нино” Фарина ја освојува пул позицијата, го остварува најбрзиот круг и ја носи крајната победа. Втор е Луиџи Фаџоли, трет Рег парнел. Првиот подиум во Ф1 е за Alfa Romeo.
Екипата на Трите Ф
Кога се работи за комбинацијата на брзина, управливост и доверба која ја нуди, 158 претставува највисока точка на автомобилската технологија на тоа време. Во моментот на нејзиното создавање, во 1938, има мотор 1.5 литри со компресор од 185 коњски сили. Веднаш по војната, компресорот станува со двоен стадиум и моторот достигнува 275 – за потоа да дојде до 350 (на 8.600 вртежи) во 1950. Благодарение на екстремната леснотија на автомобилот, соодносот тежина/моќност е само 2 кг/КC – вредност во линија на суперспортските сериски автомобили од денешно време.
Техничката надмоќност се преточува во победи. Фарина, Фанџо и Фаџоли за печатот стануваат “екипата на трите Ф”, која ги поразува противниците. Тројцата возачи на Alfa Romeo победуваат на сите трки за Големата награда на кои учествуваат, застануваат на подиумот дванаесет пати и ги остваруваат петте набрзи кругови. Како што ќе каже Џузепе Бусо, историскиот проектант на Alfa Romeo, а на времето и соработник на Коломбо, “главниот проблем беше да одлучиме кој од нашите тројца возачи треба да победи на трката”.
На Големната награда во Монца, на 3 септември 1950, Alfa Romeo за прв пат ги применува техничките решенија за 159 развиена за учество на Шампионатот на редната година. Новата Alfetta блеснува со победата: зад воланот е Нино Фарина – кој станува победник на првиот Светски шампионат во Формула 1.
Alfetta 159
Наредната година, иходот на шампионатот останува отворен до последната трка: за успехот се борат Alfa Romeo и Ферари. После дури 17 години изонредниот мотор на Alfetta го достигна врвот на својот развој – но, во текот на 1951 техничките лица и поантаму успеваат да ја извлечат моќта, додавајќи во мешаницата моќност до 450 коњски сили. Благодарение на овој напор (и на бравурозноста на возачите), 159 победува во Швајцарија, Белгија, Франција и Шпанија, освојува 11 подиуми и поставува најбрз круг на сите седум трки.
Митот за “Тројцата Ф” и за нивните победи ја носи Alfa Romeo во светот на филмот. Двајцата продуценти од тоа време (Дино Де Лаурентис и Карло Понти) ги бираат најистакнатите актери од тоа време (Амадео Наѕари и прекрасната Аида Вали) за “Последната средба”, филм кој во целост е сниман на тркачките патеки на Ф1 и во работилниците на тркачкиот тим на Alfa Romeo На сценариото соработува и познатиот италијански писател Алберто Моравија.
Филмот влегува во киносалите на 24 октомври 1951, а само четири дена потоа Хуан Мануел Фанџо победува на Големата награда во Шпанија, станувајќи шампион на светот со Alfetta 159. Тоа е втора победа по ред. Alfa Romeo ги освојува првите две титули во Формула 1 и може да се повлече непобедена, и целосно да се посвети на сериското производство.
