Приказни Alfa Romeo 5
“Приказни Alfa Romeo”, петта епизода – “Gazzelle” (Газели) и “Pantere” (Пантери) на италијанските улици: спортските лимузини од Alfa Romeo служба на законот
Петтата епизода од “Приказни Alfa Romeo” раскажува за Италија после војната, од обновата до економскиот бум. Во тоа време се утврдува и митот за Alfa Romeo: најбрзите на тркачката патека и на улицата, покрај тоа што се статусен симбол, стануваат и идеални возила во служба на државата со каросериски ознаки на полицијата и на карабинерите.
Од 1900 до 1950 од Giulia до денес Силите на редот ги „протркалаа“ сите позначајни модели на Бишоне.
Во истото време Alfa Romeo се развива и се модернизира, го утврдува патот на производство на сериски патнички автомобили задржувајќи ги непроменети шармот, топлината и уметничката изработка.
Успехот оди рака под рака со развојот и бројот на продадените автомобили расте: Giulietta – е продадена во преку 177 илјади примероци од 1954 – и станува “девојката на Италија”, а нејзината наследничка Giulia, е продадена во повеќе од 570 илјади примероци, и икона на триколорите.
Автомобили на органите на државата
Во повоена Италија, Alfa Romeo се веќе мит. Се докажаа на тркачките патеки и по патиштата дека се побрзи од кои било други автомобили. Тие се моќни и секогаш победуваат – како и доброто што го победува лошото. Ги имаат сите карактеристики и симболики за да станат автомобили на државните органи.
Врската помеѓу Alfa Romeo и Силите на редот е мал дел од историјата на Републиката. Почнувајќи од педесетите години, Alfa Romeo се избрани за службата за итна интервенција. Стануваат “летечки”, се зближуваат со жителите и влегуваат во секојдневниот говор: оние кои ги користи полицијата се прекрстени во “Пантери”, а оние кои ги користат карабинерите “Газели”. Две метафори кои ја нагласуваат моќта и агилноста.
Првиот Пантер станува Alfa Romeo 1900 од 1952: неговите линии се агресивни и го инспирираат самото име. Првата Газела е од неколку години потоа и е најславна од сите: Giulia Super; но Силите на редот возат и многу други модели на Alfa Romeo, практично сите значајни од Matta до Alfasud, од Alfa 75 до Alfetta, од 156 до денешната.
Alfa Romeo е начин на живеење
Историјата на односот со Силите на редот оди паралелно со историјата на еволуцијата на Alfa Romeo. А оваа тема нè носи до запознавањето со уште еден протагонист: во Торино доаѓа од Сардинија, Орацио Сата Пулига, голем обожавател на Alfa Romeo. Нему му се припишува познатата реченица: “Постојат многу марки на автомобили, а меѓу нив Alfa зазема посебно место. Таа е како некоја болест, ентузијазам за транспортно средство. Таа е начин на живеење, сосем посебен начин да се разбере едно моторно возило”.
Именуван за директор на проектантското биро во 1946, Сата Пулига има пред себе тешка задача: не само да го обнови сето она што е уништено во текот на војната, туку и да ја преправи занаетчиската работилница во современа фабрика, продолжувајќи по патот кој го започна Уго Гобато.
Сата Пулига започнува веднаш. По неговото доаѓање, Alfa Romeo во Портело го произведува секој посебен механички дел, врз основа на високите критериуми на занаетчиската работилница; го рационализира процесот, ги вади надвор секундарните делови и ги намалува трошоците. И притоа размислува да создаде нови “сериски”Alfa Romeo, да ги конструира со поефикасни технички и организациски методологии со кои располага.
1900, првиот пантер
1900 на Сата Пулига од 1950 е првиот автомобил Alfa Romeo co волан на левата страна и првиот кој усвои структура на самоносечка школка. Ги остави традиционалните 6 и 8 цилиндри за нов мотор со 4 цилиндри, со алуминиумска глава и две брегасти осовини командувани со ланец. Моторот се напојува со само еден карбуратор и нуди извонредна моќност со ограничена фискална класа. 1900 создава 80 коњски сили, брза е и подвижна какои што се очекува од еден автомобил на Алфа Ромео, но многу е лесен за возење. Со други зборови наменет е за поширокиот пазар. Слоганот кој го придружува е: “Семеен автомобил што победува на тркачките патеки”.
1900 е и првиот автомобил на Alfa Romeo кој е направен на производна лента. Вистинска револуција: времето потребно за производство на комплетен автомобил се симнува од 240 на 100 часа. Новиот пристап води кон комерцијален успех како никогаш дотогаш: само моделот 1900 е продаден во повеќе примероци отколку вкупниот број дотогаш произведени автомобили на Alfa Romeo.
Резултатот доаѓа и од водењето на производниот циклус. Се воведуваат варијанти со високи перформанси (1900 TI, 1900 C Sprint и Super Sprint, 1900 Super) кои победуваат на важни интернационални трки по категорија. Продолжува и соработката со некои каросеристи: на механиката на 1900 е создадена серија на концепт автомобили BAT (Berlinetta Aerodinamica Tecnica – мала техничка аеродинамиќна лимузина), потпишани од Бертоне, а дизајнирани од тогаш младиот Франко Скаљоне.
Истиот мотор од 1900 е ставен и на AR51, попознат како “Matta”: автомобил со погон 4×4 создаден за да ги замени теренските повоени на вооружените сили на Италија.
Миланец кој ја сака културата и боксот
Ако со моделот 1900, Alfa Romeo го започна сериското производство на патнички автомобили, со моделот Giulietta се трансформира во голема фабрика за автомобили. Човекот што ја води трансформацијата е Џузепе Лураги.
Роден во Милано, за време на неговото студирање на Бокони осврарил пракса и во “благородната уметност” на боксот. Кога влегува во нашите приказни тој е веќе признат менаџер во големи размери, со големо искуство во Пирели. Од 1951 до 1958 е генерален директор на Финмеканика, холдинг компанија која ја контролира Alfa Romeo. По краток престој во Ланероси, во 1960 се враќа како претседател на самата Alfa Romeo, улога која ќе ја врши до 1974.
Писател, новинар, издавач, Лураги е промотор на културни иницијативи и на полето на дејноста на фирмата. Во 1953 на Леонардо Синисгали “поетот инженер” му доделува задача да креира списание кое ќе воспостави дијалог помеѓу културата на живеење, техничкото познавање и уметноста. Така е создадено списанието “La Civiltà delle Macchine” (Цивилизација на машините), во кое пишуваат и Унгарети и Гада.
Во исчекување на “boom”
При неговото доаѓање во Alfa Romeo, Лураги прави револуција во структурата со тоа што ги повикува во фирмата Рудолф Хруска и Франческо Куарони за да направат реорганизација на индустриските процеси. Приликата не смее да се пропушти: Маркаат има извонредна видливост, нејзините спортски победи отскокнуваат и се сон за милиони луѓе. На сето тоа потребно е да се направи комерцијален пресрет. Во исчекување на економски бум, автомобилот е напосакуваното добро: да се поседува автомобил Alfa Romeo треба да стане видлив доказ за постигнатата добросостојба.
Од производ за елитата до предмет на посакување: Куќата ги насочува во тој правец своите проектни и индустриски ресурси. Се раѓа Giulietta за да биде модел за пресврт – кој ќе ја зголеми продажбата, но истовремено ја потврдува техничката традиција и спортската вокација на Марката.
Giulietta, првата газела
Новиот модел нè води до поврзувањето на Alfa Romeo co Силите на редот. Првата Газела на карабинерите е токму Giulietta наменета за патролна служба, и влегува во служба веќе опремена со радио за поврзување со Централата. Преведено на јазикот на оружјето, Газелата претставува радиомобилен возач: брз, агилен, отпорен. Овие карактеристики веднаш се пренесуваат на автомобилот.
Пократок, потесен, полесен од 1900, Giulietta ја носи Alfa Romeo во нов сегмент, за еден нов сегмент во јавноста. Нуди модерни и линии кои се надополнуваатоднадвор и голема просторност во внатрешноста, заедно со држењето на пат, постојаноста и брзината. Моторот (целосно изработен од алуминиум) испорачува 65 коњски сили со максимална брзина од 165 километри на час.
На Саемот во Торино во 1954, Giulietta се појавува за прв пат во верзија на спортски двосед – coupé. Giulietta Sprint, која ја дизајнира Бертоне е низок автомобил, компактен и истенчен кој станува “instant classic”. Треба да се забележи дека спортската верзија е создадена пред стандардната: не толку конвенционален избор (типичен за Alfa Romeo), кој се повтори и пред некоја година со моделот Giulia Quadrifoglio.
Giulietta достигнува исклучителна популарност и сосем заслужено го добива прекарот “девојка на Италија”. Резултатот од продажбата е исто така извонреден: преку 177 илјади примероци.
Giulia, револуција
Само револуционерен автомобил може да ја замени Giulietta. Сата Пулига тоа одлично го знае. Неговиот тим (Џузепе Бусо, Иво Колучи, Ливио Николис, Џузепе Скарнати и тестаторот Консалво Санези) создава автомобил кој е далеку пред своето време.
Giulia е еден од првите автомобили во светот со носечка структура со диференцирана деформација. Предниот и задниот дел се осмислени така да можат да ги апсорбираат ударите, а внатрешноста е исклучително цврста за да ги заштити патниците: решенија кои ќе станат задолжителни многу подоцна.
Моторот со двојно вратило од 1.6 литри на Giulia претставува еволуција со 1.3 четири цилиндри и се издвојува по испусните вентили кои се разладуваат со инсерти на натриум.
И дизајнот на Giulia е револуционерен. Giulia е компактен, добро пропорциониран во волуменот и со единствен стил. Предниот дел е низок, а задниот скратен, инспирирани од аеродинамични мотиви. “Дизајниран од ветрот”, вели рекламата за лансирање на моделот. Благодарение на иновативната работа во тунелот за проби, Cx на Giulia е извонреден за тоа време: само 0,34.
Моделот постигнува извонреден успех: преку 570 илјади продадени примероци (три пати повеќе од Giulietta). Giulia станува италијанска икона.
Оној што ќе го посети Историскиот музеј во Арезе, ќе го види во салата наменета за Alfa Romeo на филмот. Меѓу многуте сјајни појави, Giulia се истакнува како апсолутен протагонист во многу „полициски“ флмови од времето – создадени како “B-movie”, а потоа станале култни. Во овие филмови за “крадци и чувари” се менуваат улогите, Giulia е автомобил и на едните и на другите.
