Приказни Alfa Romeo 8
“Приказни Alfa Romeo”, oсма епизода – дизајн, спортски карактер и иновација:
156 е автентична Alfa Romeo која постигна голем успех
Еден милион луѓе на стартот низ продажните места и преку 680.000 вкупно продадени возила: бројки кои ја прават 156-ката еден од најуспешните модели на Alfa Romeo во нејзината историја.
Претставена во 1997, ја освојува јавноста и критиката и го добива признанието “Автомобил на годината” во 1998.
Стилот на 156-ката е изненадувачки микс на сила, иновација и класика, автомобил кој ја продолжува потрагата по ефектот на хромираните елементи којашто веќе беше елемент по кој се истакнаа Carabo и Montreal.
Извонреден автомобил и од техничка гледна точка, со решенија кои го прават спортска еволуција и кој може да ги комбинира моќноста, леснотијата и контролата: суштинските карактеристики на Alfa Romeo.
Убава, забавна и победничка: освојува дури 13 титули во 10-те години натпреварување во шампионатите Turismo.
Лимузина со спортско срце
Скоро еден милион луѓе низ продажните места во првата недела на “отворени врати”. Преку 100 илјади нарачки за неколку месеци. 680 илјади вкупно продадени во периодот од 1997 и 2005. Бројки кои ја прават 156-ката еден од најуспешните модели на Alfa Romeo во нејзината историја.
156-ката е за прв пат претставена на интернационалниот печат во 1997, во Културниот Центар де Белем во Лисабон. Намерите на куќата се јасни: да се создаде лимузина која ќе ги спои извонредноста на стилот со беспрекорното динамичко однесување во совршена рамнотежа на перформанси и управување. Формула за успешен производ 100% Alfa Romeo.
Целта е навистина амбициозна – а, резултатот еден од најдобрите автомобили со преден погон кој некогаш се појавил на пазарот.
Alfa Romeo и предниот погон
Автомобилот при неговото создавање е креиран со заден погон – но, уште на почетокот замислата за префрлување на погонот однапред, ги фасцинира проектантите. Идејата поќнува да се претвора во стварност во Alfa Romeo уште во поствоениот период. Сата Пулига и Бусо се убедени во потенцијалот на ваквото решение и ја започнуваат програмата за развој која има за цел да направи од 1900-тката, прв автомобил со преден погон на Куќата. Сепак, Куќата се решава да оди во друга насока: на почетокот на педесетите започнува да се развива идејата за едно “автомобилче” Alfa Romeo, таканаречен “V”, со преден погон, за што се развиваат различни типови на мотор.
Сепак, ниту еден од овие проекти нема да стигне до производството, одлуката за понатамошен развој е поместена. Alfa Romeo сака да ја прошири гамата со модел кој ќе ја надмине Giulietta: компактен со “сè напред” кој ќе може да полета.
Новиот проект на Куќата го води Рудолф Хруска, “таткото” на Giuliettа. Alfa Romeo му доверува двојна одговорност: истовремено да го дизајнира и новиот автомобил и фабриката во која истиот ќе се произведува. Така е создадена фабриката Алфасуд, каде се произведуваат првите автомобили со преден погон на Alfa Romeo.
Алфасуд е создадена од “бел лист хартија” и “на зелена ливада”: тоа е еден од ретките случаи кога една фабрика за автомобили се проектира за да во неа се произведува специфичен модел. Автомобилот нема обврска да почитува технички правила, едниствено треба да остане доследен на цета на производот.
“Решено беше да биде со преден погон. И требаше да биде луксузен корисен автомобил со 5 седишта и голем багажен простор”. Така Хруска го опишува проектот некоја година подоцна.
Моторот од 1.2 литри “boxer” (со цилиндри поставени еден наспроти друг) кој ги победи 4-те цилиндри поставени во линија, бидејќи е понизок и поприлагодлив за аеродинамичен профил. Новото двоволуменско тело е создадено така да обезбеди полесен пристап до багажниот простор и достигнува дури 400 литри капацитет, благодарение на местоположбата на резервоарот за гориво – сместен под предното седиште, наместо помеѓу седиштето и багажниот простор. Нова, функционална и безбедна положба која „држи предавање“ за следните проекти.
Алфасуд е прв позначаен влог на Џорџето Џуџаро и со него ќе постигне голем комерцијален успех. За да ги испочитува сите потреби кои произлегуваат од просторот и димензијата, младиот дизајнер ја измислува карактеристичната “висока опашка” и јаповрзува со предниот аеродинамичен дел во едноставна слеана линија.
Алфасуд почнува да се гради во 1972, годината кога Марката надминува еден милион произведени возила од основањето. Самата речиси ќе успее да го достигне рекордот со 900.925 примероци произведени од 1972 до 1984 (без да се сметаат верзиите Sprint). Најпродаваната Alfa Romeo на сите времиња.
Од производна рационализација до централизација на брендот
Во 1986 ИРИ (сопственост на Alfa Romeo од 1933) ја препушта Марката на Групацијата Fiat – и, како и во сите процеси на индустриска интеграција, првите години се посветени на рационализација на производните ленти и лентите за набавка.
Во осумдесетите години во сите Куќи главен збор има „синергијата“. Процесот и производот се сè повеќе стандардизирани. Многу делови се споделуваат за да се намали трошокот. Од дизајнерите се бара да ги почитуваат строгите правила (како што се димензиите на тркалцето на бравата на вратите), со што силно се условува креативноста.
Во наредните години овие правила се олабавуваат. Клиентите не го сакаат прекумерното проверување и одат во потрага по попрепознатливи аута. Персоналноста на Брендот се враќа на тежината на изборот. Свртување кое ја менува историјата на проектирањето автомобили кон крајот на векот.
Спортско возење, перформанси, иновација (во стилот)
За Alfa Romeo, тоа е враќање на корените. Првиот чекор за да ги лансираат посебните спортски карактеристики на Марката е поврторното создавање на Алфа Трки, славната коњаница каде првите чекори ги направи и Енцо Ферари. Во 1993, 155 GTA учествува на DTM, шампионатот туризмо во Германија на која победува Никола Ларини – кој стигнува прв на 11 трки од 20, и ја носи Alfa Romeo на највисокото место на подиумот во Нирбургринг.
Уште позначаен е придонесот за дизајнот. 164-ката во 1987, првиот предводник со преден погон на Марката е потпишан од Пининфарина – но, тоа е и моментот кога се прави чекор напред и сè поважна станува улогата на Стилскиот центар Alfa Romeo.
Во Арезе се менуваат технологиите, луѓето, се менува процесот. Се воведуваат нови системи “computer-assisted” при проектирањето и создавањето прототипови. Тимот на Стилскиот центар се интегрира во проектните платформи и ушествува во сите технолошки избирања – затоа што тоа што е функционално треба да биде и убаво и обратно. Формата и суштината секогаш одат заедно: “неопходна убавина” Alfa Romeo.
Дизајнирање на нова гама
Во Стилскиот центар не се работи само на еден модел, туку на цела гама. И за неколку години сонот ќе се оствари. Во 1995 Марката навлегува и во сегментот “C” еден нов модел, двоволуменски (145-ката) на кој веќе наредната година му се приклучува уште еден двоиполволуменски модел (146-ката). Следат спортските GTV и Spider, создадени во соработка со Пининфарина. Но, вистинскиот пресврт го прави 156-ката.
Стилот на 156-ката е изненадувачки микс на сила, иновација и класика. Предницата станува важна и ги проектира своите линии кон капакот на моторот. Однапред поткрилата “паѓаат на тркалата” во линија на каросеријата со што ја нагласуваат робусноста и прилепувањето на тлото. Соодносот помеѓу застаклените површини и металот повеќе наликува на спортски двосед coupé отколку на лимузина. Исчезнуваат рачките на задните врати, вградени на скоро невидлив начин во рамките на прозорците, а чистата страница го нагласува издолжениот и динамичен профил на автомобилот. “Се чини дека се движи и кога стои” коментира де’ Силца.
156-ката ја продолжува потрагата по ефектот на хромираните елементи којашто веќе беше елемент по кој се истакнаа Carabo и Montreal. ДИзајнерите на Alfa Romeo наоѓаат инспирација во музејската поставка, конзервирана во истата зграда како и денес: навраќајќи се на бојата на 8C 2900 B од 1938 настанува азурната“Nuvola”, добиена од повеќеслојна боја која на автомобилот му дава бисерен отсјај.
Напредни спортски карактеристики
156-ката е извонреден автомобил и од технчка гледна точка. Од проектантите се бара да го равзијат концептот на “напредни спортски карактеристики” комбинирајќи моќ, леснотија и контрола. Тоа отсекогаш и била формулата на Alfa Romeo.
За да ја постигнат оваа цел, се воведуваат нови материјали (како магнезиум и челици “tailored blank”), се проектираат системи за суспензија кои се многу префинети (како двојни вилушки поставени високо напред), посебно внимание се обраќа на механичката поставеност за да се издигне управувањето и прецизноста при движењето.
156-ката ги соединува сите: таа е најзабавна лимузина за возење на генерацијата. А, нејзината спортска верзија освојува дури 13 титули за 10 години на шампионатите во Turismo.
Создавањето на “common rail”
На почетокот се 6 агрегати. V6 Busso се придружува на трите “Twin Spark” мотори, кои за прв пат комбинираат двојно палење (технологија која веќе ја користел Џузепе Мерози во 1914) co четири вентили по цилиндар.
Според правилата на тогашниот европски пазар, бензинската понуда преовладува: но овие правила се менуваат. Токму Alfa Romeo ја започнува револуцијата: 156-ката е прв автомобил на светот со технологијата “common rail”.
Новинарите кои ги пробуваат верзиите 1.9 и 2.4 JTD во Лисабон, остануваат со отворена уста: за прв пат дизел моторите нудат перформанси, тивкост и комфор “како бензинците”.
“Автомобил на годината”
156-ката ја убедува јавноста и критиката и во 1998 за прв пат на Куќата Alfa Romeo ѝ го носи интернационалното признание “Автомобил на годината”. Помалата сестра 147 (која го дели не само стилското “family feeling” туку ја има и истата основа, суспензии и мотори) ќе ја добие истата награда во 2001.
