Се загрева страста Алфа Ромео: започнува манифестацијата 1000 Милји 2019 - Alfa Romeo Makedonija

NEWS

Се загрева страста Алфа Ромео: започнува манифестацијата 1000 Милји 2019

30 May 2019

190515_Alfa-Romeo_Millemiglia_slider

  • Трката 1000 Милји започна во Бреша: на чело на групацијата Алфа Ромео е моделот 1900 Sport Spider, од 1954, oфицијален гостин автомобил на манифестацијата со број на учество во трката
  • На патеката е и Антонио Џовинаци, младиот италијански возач од тимот на “Алфа Ромео Racingна Формула 1 во истоимената специјална серија на Giulia Quadrifoglio за подигнување на возбудата кај публиката.
  • На италијанските патишта дебитираат новите специјални серии со ограничено издание Giulia и Stelvio Quadrifoglio на “Алфа Ромео Racing”.
  • Пред „пистата“ на Виале Венеција, домаќин на поворката беше Пјаца дела Виториа (Плоштадот на слободата) каде беше направен емотивен вовед во трката: обележувањето со броеви.
  • Обожавателите го преполнија плоштадот за да уживаат во протагонистите на трката и на автомобилите на Алфа Ромео кои се официјални учесници, Giulia и Stelvio.

1000 Милји преку 90 години е максималниот израз на популарното чувство за четирите тркала, а Алфа Ромео токму со 1000 Милји ги напиша легендарните страници од својата историја, со неизбришливите победи и рекорди кои никогаш нема да може да бидат надминати. Бишоне го држи приматот со 11 победи, од кои 7 едноподруго, од 1932 до 1938 и со сите значајни модели кои оставија трага во големата класика на Бреша. Оваа година Алфа Ромео, како Глобален автомобилски партнер и најрепрезентативната автомобилска куќа учесник, на манифестацијата се претставува и со скапоцените автомобили кои се дел од поставката во Историскиот музеј на Алфа Ромео. Секако тука е и најдоброто од актуелното производство, автентичниот приказ на извонредноста на марката, претставено со специјалните серии со ограничено издание Giulia и Stelvio Quadrifoglio од “Алфа Ромео Racing”, кои го имаат своето апсолутно деби на патиштата, како и со автомобили од официјалното производство.

“Алфа Ромео Racing”: Антонио Џовинаци зад воланот на Giulia Quadrifoglio

Исто така е и повод да се доживее извонредниот шарм на Алфа Ромео, кој го ослободува истиот апел и со своите историски автомобили и со модерните автомобили на официјалниот конвој. Присуството на Антонио Џовинаци предизвика големо воодушевување: а, италијанскиот возач на тимот “Алфа Ромео Racing” учествува во карванот со Алфа Ромео Giulia во специјалната серија и ограничено издание “Алфа Ромео Racing”. Специјалната серија на Giulia и Stelvio Quadrifoglio го покажува учеството и најголемата поврзаност на Алфа Ромео со светскиот шампионат во Формула 1, заедно со Sauber.

Најново од Alfa Romeo