“Страст Alfa Romeo”: емоции во Швајцарија меѓу минатото и иднината
Штотуку заврши големиот настан посветен на “Алфистите“, на кој се собраа илјадници вљубеници во марката од цела Европа: Длабоки чувства од историските автомобили од Музејот во Арезе, преку изложбениот примерок Alfa Romeo Sauber F1 Team, до најдоброто од актуелното предложено производство во ексклузувна, ограничена, специјална серија
Минатата сабота, во центарот за безбедност на патиштата Betzholz TCS во Хинвил, во близината на Цирих, се одржа најголемиот настан во Европа посветен на “Алфистите“. Импресионирачка демонстрација на љубовта на Алфистите, кои се собраа од различни генерации и со различни искуства меѓусебе– имаше преку 400 автомобили Alfa Romeo за преку вкупно 5000 учесници на настанот – го направи овој собир навистина единстев од овој вид.
Ден за истакнување на страста кон брендот со славно минато кое продолжува да подарува чувства, особено во сезоната на враќање во Формула 1. Некои од колекционерите ги отстапија своите автомобили за изложбата на овие извонредни автомобили, како на пример 6C 1750 Supersport Spider Zagato 1929 и 33 Stradale, победничка на Конкурсот за елеганција 2018 на Villa d’Este.§
За дополнителното растење на ентузијазмот кај фановите, се одржа и егзибиција на изложените автомобили од страна на тимот Alfa Romeo Sauber F1, кои излегоа со автомобилите директно од Историскиот музеј на Alfa Romeo во Арезе – Временската машина на најдобрите прозводи низ времето.
Giulia Quadrifoglio NRING и Stelvio Quadrifoglio NRING
Во зоната Motorhome Alfa Romeo посетителите можеа да уживаат во специјалните серии на Nürburgring Edition Giulia Quadrifoglio NRING и Stelvio Quadrifoglio NRING. Тоа се два исклучителни модели со комплетна опрема и ограничено издание, на располагање во земјите на регионот EMEA и тоа по само108 примероци по модел, кои ги одбележуваат 108-те години кои брендот ги прослави на 24 јуни. Ги прославуваат успесите кои овие два модела ги постигнаа на славната германска патека. Giulia Quadrifoglio “NRING” и Stelvio Quadrifoglio “NRING” ја претставуваат извонредноста на брендот во однос на техничките содржини, перформансите и стилот, придвижувани од моторот 2.9 V6 Bi-Turbo со 510 КC, на кои за прв пат се примени новиот интегрален погон Q4. Stelvio, кој го држи рекордот во својата категорија, поседува 600 Nm максимален вртежен момент, забрзување од 0 до 100 km/h за 3,8 секунди имаксимална брзина од 283 km/h за да ја помине патеката од 20,832 km на Нордшлајфе за 7 минути, 51 секунда и 7 десетинки. Giulia Quadrifoglio, co со својот извонреден баланс на тежините, достигна максимална брзина од 307 km/h, а го запре хронометарот на 7’32”, примат на седаните со 4 врати во нормално производство.
И двата автомобила нудат единствено и ексклузивно customer experience, во кое спаѓа и искуството на возење во Нирбургринг, само за најпосветените колекционери и клиенти кои ќе седнат зад воланот на овие концентрати од техннолошки и скапоцености од полето на перформанси. На карактеристиките на верзиите Quadrifoglio, односно “NRING” е придодаден и еден посебен комплет “Welcome kit”.
Alfa Romeo 4C
Покрај Giulia и Stelvio во ограничено издание се и двата примероци на Alfa Romeo 4C, една Coupé и еден Spider, во специјалните серии “Competizione” и “Italia”. Coupé има посебен спортски изглед со силна инспирација од тркачкиот свет на автомобилите, додека пак Spider, може да подари исклучителни перформанси, има уште поелегантен и попрефинет изглед. Под капакот се крие моќен турбобензински мотор 1750 со 240 КC, од алуминиум, со директно вбризгување, интеркулер и двоен постојан варијатор на фази. Двете специјални серии, со ограничено издание, се разликуваат по ексклузивниот естетски карактер, Coupé со мат сива каросерија Vesuvio, co надворешни детали во графитна боја и седишта во кожа со микрофибер со срвени рабови, исто како кај спортскиот волан. Специјалната серија на Spider, „Italia” се разликува по бојата на каросеријата, сина Misano, црни сјајни инсерти во браниците и жолти клешти на сопирачките, исто како и рабовите на седиштата, таблата, воланот и панелите на вратие. И двете верзии на таблата имаат специфичен инсерт од темен алуминиум и нумерирана табличка на централниот тунел.
Eмоции при возење
Јавноста ќе може да направи и пробно возење на пат со Giulia, Stelvio и 4C по посебни терени: возење кое го крева адреналинот со гамата Quadrifoglio и нуди големо задоволство при возење зад воланот на, од Giulia до Stelvio со бензински и дизел мотори со моќност до 280 КC и автоматски пренос.
