Тајните на динамичкото возење на Алфа Ромео
- За прв пат се откриени тајните на препознатливата динамика на возење Алфа Ромео co оригинален настан помеѓу техничките работилници и специфичните сесии на возење во Центарот за проба во Балоко Proving Ground.
- Патување за откривање на најиновативните и ексклузивни технолошки решенија кои го прават уште посилно искуството зад воланот на новата генерација на Алфа Ромео.
- Рефлекторите се насочени кон технолгијата на интегралниот погон Q4, проектирана за пренос на силата на возилото во реално време, и на Integrated Brake System кој осетно го намалува растојанието на запирање на какво и да е тло по кое се движи возилото.
- Простор е даден и на технологијата Torque Vectoring, за максимална контрола на погонот, и на ексклузивната архитектура на суспензијата AlfaTM Link за бескомпромисно управуввање, што придонесува за совршена распределба на тежината и извонреден сооднос на тежината/моќноста.
За прв пат Алфа Ромео ги открива тајните на на нејзината препознатлива динамика на возење преку четири технички работилници и сесии на писта, посебно простудирани за да се испробаат технолошките решенија на Алфа Ромео. Тестирањата се неконвенционални и се одвиваат во Балоко, во Центарот за експериментирање на Групацијата Фиат Крајслер Автомобили, каде инжењерите и техничарите ги испробуваат најиновативните технолошки решенија кои го прават искуството зад управувачот на спортската Giulia и на sport utility premium Stelvio уште подобро, исто како и на моќните верзии Quadrifoglio.
Помеѓу другото, токму Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio, највисокиот дострел на проектантите на Алфа Ромео, беа првите возила на кои и беа инсталирани и за кои беа развиени овие префинети системи, кои потоа се применија и на целата гама. И токму од ваквиот пристап “top-down”, единствен во автомобилската панорама, кој произлегува од духот Алфа Ромео: единствена формула на светот која носи, во сите свои механички креации, точна рамнотежа на италијанскиот дизајн, авангардни мотори, совршена распределба на тежината, единствени технички решенија и извонреден сооднос тежина/моќност.
За останатото, доволно е да се седне зад воланот на Giulia или Stelvio за да се сфати дека сте се нашле во една поинаква димензија каде јадрото на овие механички креации е токму возачот, со сите свои емоции и волја за исклучително возење. Благодарение на прецизноста на воланот, одговорот на гасот, на реакциите на менувачот и на сопирачките се моментални. На овие карактеристики треба да се додаде изборот на заден или интегрален погон којшто не е само навраќање кон автентичноста на митот Алфа Ромео, туку и техничко решение кое обезбедува поголеми перформанси и голема забава. Значи, исклучителното искуство на возење кое се доживува зад воланот на еден автомобил како што е Алфа Ромео е пријатно изненадување и за најпребирливите или пак за експертите.
Работилниците и возењето на пробната писта на Алфа Ромео се организирани во 4 работилници кои го продлабочуваат, на пример, степенот на иновација на интегралниот погон со технологијата Q4, проектирана за да го управвуа погонот на возилото на реактивен и предвидувачки начинe, со цел да гарантира максимално ниво во однос на перформансите, ефикасноста и сигурноста. Во екстремен случај, системот Q4 Алфа Ромео ги обезбедува сите предности на интегралниот погон и истовремено, гарантира намалени потрошувачки, реактивност и сето можно задоволство при возење на автомобил со заден погон. Инаку, верзиите со интегрален погон Q4 може да бидат комплетирани со заден диференцијал кој е механички и самоблокирачки Q2, кој е на располагање по барање на верзиите cамо со заден погон. Задниот автоблокирачки диференцијал ја подобрува агилноста и спортскиот карактер гарантирајќи совршен погон за едно незаборавно возење.
Рефлекторите се насочени и кон еден ексклузивен систем на марката Алфа Ромео: иновативниот Integrated Brake System (IBS), електромеханички систем кој ја комбинира контролата на стабилноста со традиционалната сервосопирачка при што се гарантира моментален одговор на сопирачката, ограничувајќи го просторот на запирање, а исто така овозможува значајно подобрување на тежините. Помеѓу остантатото , сопирачкиот уред е на располагање и со карбо-керамички дискови на верзиите Quadrifoglio.
Голем интерес предизвикува AlfaTM Active Torque Vectoring, врвна технологија која овозможува да се достигне максимумот на влечната сила кај еден спортски автомобил. Подетално, двете спојки кои се наоѓаат во задниот диференцијал, овозможуваат да се контролира одделно максималниот вртежен момент на секое од тркалата. На овој начин, преносот на моќноста се подобрува во ситуации кога прилепувањето на тлото е нецелосно. Ова овозможува автомобилот да се вози безбедно и секогаш на забавен начин, без да се има потреба од ненадејни интервенции од страна на системите за контрола на динамиката на возилото. AlfaTM Active Torque Vectoring, како и сите други активни системи за контрола е управуван од Chassis Domain Control: централна единица на “интелигенција” на автомобилот создадена од Алфа Ромео, co соодветни алгоритми, за да во реално време на хармоничен начин раководат со сите електронски уреди кои интервенираат на однесувањето на патот, чинејќи го возењето крајно природно, инстинктивно и безбедно.
На крајот, четвртата работилница го обелоденува софистицираниот систем на суспензија/ потпирање, најразвиен во сегментот, опремен со ексклузивната технологија AlfaTM Link: за предните тркала е избрана суспензијата со високи двојни вилушки, со двојна долна рачка и семи-виртуална оска на воланот (ексклузивитет на Алфа Ромео), што го подобрува ефектот и овозможува да се врти на брз и прецизен начин. За задната суспензија е одбрано решение multilink со четири вилушки и половина – патент на Алфа Ромео – која гарантира висока управливост и извонреден комфор. Шемата на суспензиите му овозможува на системот да биде многу крут на кривина и истовремено многу флексибилен во надолжна насока. Инаку, по барање на располагање е и суспензијата AlfaTM Active Suspension co амортизери со електронска контрола, кое се прилагодува миг по миг, во зависност од условите на патот и овозможуваат избор на возење прилагодено на перформанси или пак на комфор. И секако, овозможува максимално уживање во возењето со совршена распределба на тежините помеѓи предната и задната оска и идеален сооднос тежина/моќност, постигнат по пат на употреба на ултралесни материјали како што се карбонските влакна за преносното вратило на целата гама.
