Alfa Romeo Logo

Модели

Триумф на Alfa Romeo на наградите ” Motor Classic Awards 2019″ во Германија


  • Четврти пат по ред, моделот на Giulia е номиниран за наградата  “Future Classic” во категоријата “Mid-Size Class,“возила со средна големина.
  • Моделот на Alfa Romeo 33 Stradale од 1968 година го освои првото место во категоријата “Milestones of Design”.

Двојна победа за Alfa Romeo на “Мотор Класик награди 2019”. Читателите на реномираното германско списание по 4ти пат по ред  го номинираа моделот на  “Alfa Romeo Giulia”  за ,,Future Classic” во категоријата на возила од ” средна класа “.

Според читателите , италијанската спортска лимузина за неколку децении ќе стане безвременска класика ,како што беше случај и со  неговиот истоименик создаден  во 1962 година. Покрај тоа , Alfa Romeo Tipo 33 Stradale победи во категоријата ” Milestones of Design”. Моделот на купе , од кое само 18 се направени во 1968 година , се смета за еден од најубавите спортски автомобили некогаш направени од ентузијасти.

На “Мотор Класик награди 2019” својот глас го дадоа над 16.000 читатели. Alfa Romeo Giulia беше прогласен за “Future Classic” во ” Mid-Size Class” со 33,4% од гласовите , додека Alfa Romeo 33 Stradale беше изгласан за  “Milestones of Design ” со 37,3% од гласовите.
Роберто Џолито , раководител на Одделот за наследство при FCA ја предаде наградата ,, Мотор Класик” на тимот на Алфа Ромео за моделот Alfa Romeo Tipo 33 Stradale.
Историјата на Алфа Ромео е исполнета со дизајнерски икони. Доколку беше потребно да се одбере една , тоа би бил  секако моделот на Tipo 33. Ми претставува чест да го добијам признанието за  ,, Milestones of Design “ кое се доделува од страна на читателите на Мотор Класик и воедно да бидам дел од тимот што го создаде уникатниот модел на купе во 1968 година-изјави Џолито.

Моделот на Alfa Romeo 33 Stradale претставува ремек дело , дизајнирано од страна на легендарниот Франко Скаљоне.Се работи за модел на купе со само 99 см висина и со вертикално отварачки врати. Дизајниран да му пркоси на асфалтот ( оттука произлегува и името ,,Страдале “ што значи пат или улица), но  всушност технички се работи за тркачка верзија на самиот автомобил.

Дволитарскиoт мотор V8 допринесува да се обебеди извонредна моќност од 230 КС, достигнувајќи максимална брзина од 260 км/ч што претставува импресивност за своето време.

190411_Heritage_Alfa-Romeo-33-Stradale-1968
Ви треба информација? Разговарајте со нас