За новата Џулиета спектакуларно симултано откривање низ Европа
- Aлфа Ромео ја претставува новата Џулиета на привлечен и иновативен начин.
- Последната од куќата на Алфа се карактеризира со подновен стил, нов мотор (турбодизел 1.6 JTDm со 120 КС co автоматски менувач Алфа TCT) и уште поспортски карактер.
- Истовремената презентација се одржа во Торино, Арезе, Париз, Мадрид и Франкфурт.
- Презентер на миланскиот настан беше анкглиската ѕвезда Скин.
- Преку 10.000 званици кои присуствуваа на петте европски локации ги забавуваа DJ-сетови и интернационални гости.
- Алфа Ромео сакаше да им се заблагодари на сите вработени така што ги покани да присуствуваат на дебито и да станат дел од активното лансирање на новата Џулиета.
Официјалното деби на новата Џулиета се случи на интернационалниот настан во исто време во пет европски града. Централниот настан се одвиваше во Арезе, а истовремено, и во Торино, Париз, Мадрид и Франкфурт. Специјалното откривање со кое марката Алфа Ромео посака да се заблагодари на сите вработени во ФКА со тоа што присуствуваа на една незаборавна вечер проследена со музика, забава и “Алфа” дух и вовлекувајќи ги како амбасадори на брендот во лансирањето на новиот автомобил. Вработените имаа можност да направат сосптвени видеа и слики на новата Џулиета со кои веќе беа преплавени и Фејсбук и Инстаграм и со тоа станаа лица на новата Џулиета.
Неприкосновена ѕвезда, последната творба на куќата Алфа Ромео со најистакнат спортски карактер и посебниот family feeling со останатите во гамата. На овие естетски особености се придодадени новиот турбидизел 1.6 JTDm со 120 КС со менувач Алфа TCT, ексклузивните услуги Live на системот Uconnect и подобрена гама за да стане поедноставен изборот на сопствениот автомобил. Новата Џулиета е подготвена да ги собере почестите на претходниот модел со цел да освои уште повеќе обожаватели на Made in Italy преку препознатливиот стил и уште поистакнатиот спортски карактер.
Во Арезе настанот се одржа во обновениот музеј на Алфа Ромео, наречен “Временска машина”, на кој почесен гостин беше англискиот солист Скин. Неговиот DJ-set ги натера да заиграат бројните познати личности и поканети гости, како и големиот број вработени во ФКА. И секако, не можеше да се најде подобро место за миланското деби на новата Џулиета: “куќата” на марката која од скоро повторно ги отвори вратите за јавноста изложувајќи ги најпознатите и иновативни креации на Алфа Ромео. Во оваа прилика, гостите можеа да ги посетат и блискиот Автомобилски центар Arese, футуристичкиот изложбен салон на марката кој е составен дел од повеќефункционалниот Центар кој опфаќа, меѓудругото веќе споменатиот музеј, книжарница, кафетерија, центар за документација, пробна писта и простор за настани.
Истовремено, во Торино, кај челниците на ФКА, на сцената се одвиваше исто толку спектакуларно и возбудливо дефиле со преку 5.000 вработени во ФКА. Гости, од калиброт на Пјеро Пелу, DJ Ринго и Марки Рамон, тапанарот на незаборавните Рамонс, ја направија незаборавна вечерта на која новата Џулиета беше вистинска кралица. Инаку, на сцената се качија и двата победнички бенда на натпреварот кои претходните денови го организираше ФКА, каде единствен услов за учество беше да има барем еден вработен во ФКА.
Истиот дух од Арезе и Торино преовладуваше и на останатите откривања на новата Џулиета кои се одржаа во Мадрид, Франкфурт и Париз. Во главниот град на Шпанија настанот се одвиваше во Теарто Барселó со ѕвездата DJ Нано и парнтерот Лос 40 Принсипалес, најпознатата шпанска радиостаница, со нејзиниот официјален спикер. Во истото време застаклените простории на Автомобилски центар ФКА во Франкфурт се осветлија со црвена боја Алфа додека, на влезот од изложбениот салон, два примерока на новата Џулиета ги пречекаа гостите задно со DJ Теди О и Кинг Камехамеха Клуб Бенд, музичка формација која настапува во живо во ноќните клубови низ Германија. И конечно, Автомобилскиот центар сместен на Шанзелизе во Париз ги отвори сопствените врати на гостите пречекувајќи ги со ритмот на музиката на DJ Седрик Куве во атмосфера на големо славје и со различни анимирачки активности.
Проектот “Поттикни го својот инстинкт” има и дигитален израз, специјална иницијатива која ги обединува страста, креативноста, стилот на неколку извонредни меѓународни соработници со вредностите на брендот Алфа Ромео.На сајтот http://www.fuelyourinstinct.com/ може да се види едно видео инспирирано од персоналноста на Giulietta и од уметничкиот послободен и поинстинктивен дух на Соработниците. И не само тоа, една алатка креирана за оваа намена на секој корисник му овозможува да создаде сопствено пероснализирано видео и да го сподели со главните социјални канали.
