Alfa Romeo во САД ја лансира својата прва глобална рекламна кампања „Near Life Experience”
- Alfa Romeo ги избра Соединетите држави за место каде ја лансира „Near Life Experience”, својата прва рекламна кампања на глобално ниво
- Спотот, кој може да се погледне на следниов линк, е поставен на социјалните канали на марката од октомври, а може да се погледне на телевизиите ширум САД од Големата награда на Формула 1 во Остин, која се одржа на 24 октомври
- Кампањата претставува прво поглавје од новата стратегија за комуникација која го проектира Брендот во иднината, co нов tone of voice и пристап, совршено прилагодени на новите вредности на Марката
- Кампањата, производ на TRG, независна агенција од Далас, е во режија на Саломон Лигтелм, специјализиран за музички спотови, кој може да се пофали со соработки со најважните премиум брендови. Директор на фотографија е Даниел Буке, номиниран за Оскар со „Sound of Metal“
Alfa Romeo ја започнува својата прва глобална комуникациска кампања во САД.
Спотот, емитуван најнапред на социјалните канали на брендот, се емитува на американските телевизиски мрежи од неделата, на 24 октомври, во рамките на Големата награда на Формула 1 што се одржа во Остин, Тексас, на познатата патека на Америка (COTA).
Кампањата интерпретира нов пристап кон начинот на комуникација на Alfa Romeo, инспириран од новите вредности и новиот концепт на припадност на брендот што ги надминува техничките карактеристики на автомобилот. Возењето Alfa Romeo е уникатно доживување на сите сетила, кое предизвикува длабоки емоции на возачот.
Значи, повеќе не е комуникација фокусирана само на перформансите: ДНК на марката останува спортска, но она што е важно се емоциите што произлегуваат од возењето на Alfa Ромео. Чувства произлезени од сетилата, единствени по својот интензитет, типични за оние кои го сакаат животот и оние со смел став, вредности кои отсекогаш ги претставувала Alfa Romeo.
Оливие Франсоа, глобален главен маркетинг директор, Stelantis:
„За нас има посебно значење лансирањето на нашата кампања ,Near Life Experience’ во текот на одржувањето на на Големата награда на САД. Со тоа оддаваме почит кон славното спортско наследство на марката создадена во 1910 година, како и на нејзината поврзаност со Формула 1. Токму во 1950 година, Alfa Romeo победи на првиот светски шампионат со Џузепе Фарина зад воланот на Alfetta 158. ,Near Life Experience’ ја слави големата автомобилска традиција на марката во постојана еволуција, која секојдневно по патиштата ја остварува својата врска со своите клиенти”.
Јан Филип Импарато, Alfa Romeo CEO:
„Кампањата Near Life Experience за Alfa Romeo претставува многу важен чекор кон нејзината иднина како глобален премиум бренд. И покрај тоа, остануваме верни на ДНК-та на брендот, кој го претставува благородниот италијански спортски дух од 1910 година, со ова видео ја кажуваме неговата смела вокација и неговата уникатна способност да им понуди чувства произлезени од сетилата, на своите клиенти. Ова го правиме за прв пат користејќи единствен јазик во светот, кој директно допира до оние кои ги споделуваат вредностите на марката Alfa Romeo ”.
Глобална кампања, која ја искажува инклузивната сила на марката, способна да понуди универзални и споделени емоции насекаде. На овој начин, возењето Alfa Romeo станува сеопфатно искуство секој ден, во град или надвор од него, за чисто задоволство или едноставно за секојдневно патување.
Привлечната кампања беше реализирана од TRG (The Richards Group), независна агенција во Далас, во режија на Саломон Лигтелм, познат режисер кој со години работи со најважните познати личности на меѓународната музичка сцена и со најзначајните премиум марки во автомобилската и областите надвор од неа. Режисер на фотографијата беше Даниел Буке кој работеше на филмот „Sound of Metal“ номиниран за Оскар 2021 година.
Аранжманот на музиката е на Флавио Иба „My Country – Vltava (The Moldau).”
