Alfa Romeo излегува на терен со Јаник Синер: спој на талент и страст
- Марката на Бишоне е спонзор на перспективниот тенисер, најмладиот Италијанец што некогаш се натпреварувал во четврт–финалето на Ролан Гарос: еден од многуте рекорди на Јаник Синер.
- Младата тениска sвезда веќе пишува важни страници во историјата на овој спорт: тој е најмладиот Италијанец што некогаш влегол во топ 100 на АТП ранг–листата, а за 12 месеци се подобри за 685 поени.
- Спој на конкурентност, спортски стил и постојана напнатост за прифаќање на нови предизвици што ја карактеризираат Алфа Ромео и нејзините фанови, со вистинска страст да се создаде совршен „ match“ -(совпаѓање) меч.
- Ќе биде можно да се следи спортската кариера на Јаник Синер со Алфа Ромео на социјалните канали: хаштаг # matchingtalents ќе го издвојува на сите најважни меѓународни турнири.
Марката Алфа Ромео отсекогаш била рамо до рамо со италијанските таленти: соединувањето на техничките решенија што го направија брендот познат во светот, духот на италијанизмот, спортиското јадро и натпреварувачкиот дух, низ годините, водеа до незаборавни успеси во автомобилски трки, почнувајќи од првиот триумф во Формула 1 во 1950 година со Нино Фарина. Афинитетот продолжува со Антонио Џoвинаци, млад италијански возач кој дава значаен придонес во развојот на тимот на Алфа Ромео Racing – Orlen, кој продолжува по патот на успехот.
Јаник Синер: многу рекорди на еден Италијанец во центарот на вниманието на светскиот тенис
Истата цел денес се сели на други полиња на натпреварување: Алфа Ромео е всушност спонзор на Јаник Синер, тениска надеж кој, играше со Рафаел Надал, број 2 на АТП-листата, во четврт-финалето на Ролан Гарос. Важен предизвик, со кој Синер се соочи како најмлад рангиран во првите 100 на светската АТП-листа: охрабрувачки рекорд за младата надеж, подготвен да блесне на најпрестижните сцени. Алфа Ромео ќе ја поддржи подготовката на Јаник и сите негови идни предизвици, како вистински соиграч, поддржувајќи го неговиот стил и спортски вештини на неговиот натпреварувачки пат. Четврт-финале на еден АТП-турнир на неговото прво учество, не е единствениот рекорд на Јаник Синер: тој е најмладиот Италијанец што некогаш влегол во топ 100 на АТП ранг-листата и за 12 месеци се подобри за 685 поени за 12 месеци.
Страст и талент за совршен “match”(совпаѓање) меч
Како што се случува во Формула 1 со Антонио Џовинаци, важен е напредокот и перформансите, како и да бидат релевантни, да бидат постојани: елемент од големо значење во секое натпреварување. Алфа Ромео ќе го поддржи Јаник Синер со голема решителност и убедување дека неговиот талент и голема страст ќе му овозможат да постигне извонредни успеси. И четврт-финалето на Ролан Гарос на деветнаесет години е еден од тие. За Алфа Ромео, да се следи неговото постојано напредување е мисија, но пред сè извор на голема гордост.
Alfa Romeo Giulia и Stelvio Sprint: волшебни и спортски верзии
Заедно со шампионот од Трентино, доаѓаат новите Giulia и Stelvio во верзијата Sprint. Логиката на гамата овозможува интуитивно да се ориентирате кон светот на спортскиот седан и првиот SUV на Alfa Romeo и да изберете модел кој најдобро ги отсликува вашите потреби и личност. И нивото на опременост на Sprint, кој ги буди историските имиња на марката, се одликува со изразен спортски карактер во ентериерот и екстериерот.
