Alfa Romeo на “Дубаи Меѓународниот Саем за автомобили 2015”
Протагонистот на изложбениот простор новата Alfa Giulia, во врвната верзија од гамата која се издвојува по легендарната верзија Quadrifoglio, која ја претставува новата парадигма на Alfa Romeo и максималната експресија на “механиката на емоции”.
За прв пат изложена на саем на Средниот Исток и во Африка, новата Giulia е претставена, на светска премиера, на 24 јуни минатата година, на денот на 105° роденден на брендот – со изведба на маестро Андреа Бочели во обновениот Музеј на Alfa Romeo во Арезе (Милано), „домот“ на марката кој на тој начин повторно ги отвори вратите кон широката јавност вметнувајќи во поставката некои од најпознатите и иновативни креации потпишани од Alfa Romeo.
