Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo на Меѓународниот саем во Женева 2018


Веќе 108 години, автомобилите Alfa Romeo ги воодушевуваат автомобилистите насекаде во светот со својот италијански стил што освојува на прв поглед, со перформансите, технологијата и задоволството при возење, подготвени да бидат заробени по стартувањето на моторот. Оваа година на Меѓународниот саем во Женева јавноста може да да ужива во најновото издание на еволуцијата на брендот во насока на најекстремните перформанси, ексклузивноста и можноста за персонализација на сопствениот автомобил Alfa Romeo со грижа за избор на деталите, производ на ателјеата за висока мода, кои се привилегија да се имаат. Одликите на облеката по мерка всушност се пронаоѓаат во механичките креации, изложени на женевскиот подиум: Stelvio, Giulia, 4C Spider и 4C Coupé кои ќе знаат да ги освојат клиентите и љубопитните посетители, покажувајќи се во нова „облека“, искажани преку перформансите, преку изборот на материјалите, па и преку скапоцените специјални серии.
Невозможно е да не се препуштите на ентузијастичката специјална серија Nürburgring Edition, со лимитирано издание, Stelvio Quadrifoglio “NRING”: 108 примероци, за да останат запишани во историјата на Alfa Romeo. Не е тоа само обичен автомобил, туку е материјален израз на генијалноста, на работата, на страста кои овозможуваат да се достигнат и најамбициозните цели и да се запишат рекордите врежани во времето, како и израз на такаречи сензуалното задоволство кое произлегува од добиениот резултат. Оваа специјална серија Nürburgring Edition, обележана со беџот “NRING”, ги издигнува всушност возилата SUV кои имаат моќ да ја поминат митската патека за време од 7 минути, 51 секунда и 7 десетинки, најбрзото време воопшто постигнато во неговата категорија. Quadrifoglio: доволно е само името за да се идентификува автомобилот кој е надвор од која и да е категорија, издвоена од нормалната сегментација. Ова ваќи и за Stelvio важи и за Giulia, која е исто така ги исполнува со воодушевување очите на јавноста во Женева, и секојдневно ги заведува 108 среќни сопственици на специјалната серија Nürburgring Edition, co ексклузивниот беџ “NRING”, преку, на пример, моторот 2.9 V6 Bi-Turbo со 510 КС, диференцијалот Active Torque Vectoring, Chassis Domain Control (CDC) кои се карактеристични за моделот, на кои им доликува специјална боја на каросеријата, престижно име и специфичности кои служат за да се направи извонредниот примерок на Alfa Romeo.
Не е случајно што овие два вонсериски автомобили го носат името на славната германска патека: победите на Alfa Romeo во Нирбургринг започнаа уште во далечните триесетти години од минатиот век и носат престижни имиња како она на Тацио Нуволари, кој победи на Големата награда на Германија зад воланот на 8C 2300 тип Monza во 1932 и на една Tipo B-P3 во 1935. Години за паметење се и 1966, кога Giulia Sprint GTA стана првиот туристички автомобил кој ја помина патеката на ‘Ринг за помалку од десет минути, и 1975, кога 33 TT 12 која ја возеше Артуро Мерѕаро триумфираше во Германија што претставуваше и прв успех на Светскиот Шампионат во Марки. Конечно, 10 јуни 1993 155 V6 Ti зад чиј волан беше Никола Ларини победи на двете manches на трката од Шампионатот на “DTM”, чија финална трка се одржа токму на патеката во Нирбургринг. Италијанскиот возач го повтори успехо на Нуволари, со извонредна победа над останатите автомобили, кои патем речено, сите беа германски.
Емоциите на пистата се наоѓаат и на штандот каде што е изложен примеорокот Quadrifoglio каде специјалните серии Nürburgring Edition ги истакнуваат победите извојувани од страна на Stelvio и Giulia, на кои исто така се наоѓа безот “NRING”, и продолжуваат во просторот наменет за автомобилите Giulia Veloce Ti и Stelvio Executive co Pack Sport, новиот Pack Performance и новата пресвлека на седиштата и на панелите на вратите во кожа, и двата со интегрален погон Q4. Најелегантни изложени автомобили се токму Stelvio и Giulia опремени со пакетот Pack Lusso, додека пак со најспортски и најмодерен стил се издвојуваат автомобилите на гамата 4C во специјалните серии “Competizione” и “Italia”, наменети за Coupé и Spider.

180228__Alfa_Romeo_FRONTE_OK_REALE_2_CARBONIO_OK_slider
Ви треба информација? Разговарајте со нас