Alfa Romeo на Саемот на автомобили во Париз
- Alfa Romeo ја збогатува гамата на Giulia со претставување на новата верзија Veloce
- Оригинална спортска презентација и ексклузивно ниво на опременост
- Два мотори со 4 цилиндри: Diesel 210 КС и бензин 280КС
- Во сериска опрема: автоматски менувач со 8 степени и оригинален интегрален пренос Q4
- Верзијата Veloce Diesel 210 КС претставена на Саемот ќе чини од 50 200 €
- Giulietta и MiTo Veloce, Giulia Super и Quadrifoglio или 4C исто така ќе имаат почесно место
Alfa Romeo се претставува на Мондијалот во Париз 2016 е ексклузивен и престижен штанд карактеристичен за италијанскиот дизајн. Главна атракција ќе биде новата спортска берлина Giulia, автентичен израз на духот на Alfa Romeo.
Alfa Romeo премиерно ќе ја претстави во Париз новата Giulia Veloce. Veloce може да се нарача со еден од двата нови мотори кои се на располагање, 2.0 Turbo бензин со 280 КС или со 2.2 diesel со 210 КС, со автоматски осумстепен менувач и систем за моторен погон на четири тркала Q4. На Саемот ќе биде претставена Giulia Veloce во Diesel верзија со 210 КС од 50 200 €.
Alfa Romeo Giulia Veloce
Називот Veloce датира уште од далечната 1956 кај Alfa Romeo Giulietta. И се однесува на спортски и луксузни автомобили од високата гама. Во Париз ќе бидат претставени две верзии со новиот пренос Q4 – моторен погон на четири тркала и автоматски осумстепен менувач. Првиот ќе биде во новата ексклузивна сина боја Misano и со оригиналниот мотор 2.0 Turbo бензин со 280 КС. А вториот со новиот 2.2 Diesel со 210 КС.
Оваа верзија во сериска опрема поседува двозонски клима уред, системи Alfa DNA , Alfa Connect со 3D екран 8,8″ како и иновативни системи за активна сигурност: Forward Collision Warning (FCW) со независно нагло сопирање (AEB) и препознавање на пешаци, IBS (систем на вградено сопирање), Lane Departure Warning (LDW) како и регулатор и ограничувач на брзина. Радар за паркирање напред и назад, како и камера за движење наназад со ксенон фарови од 35 w се исто така во сериска опрема.
Технологија Q4 со моторен погон на четири тркала
Со сосема нов Giulia Veloce сосема природно е да се опреми премиерно со сосема новиот и иновативен систем на интегрален пренос Q4, за управување со моторичноста на возилото во реално време за да се обезбеди оптимално ниво на перформанси, ефикасност и сигурност.
Системот Q4 кај новата Giulia Veloce ги гарантира предностите на интегрален пренос во делот на стабилност, моторичност и сигурност гарантирајќи истовремено контролирана потрошувачка на гориво, реактивност на возилото и уживање и задоволство во ввозењето.
Нова верзија Diesel AE ‘’Advanced Efficiency’’
На почеток на 2017 ќе биде комерцијализирана и верзија со мотор 2.2 Diesel 180 КС и автоматски осумстепен менувач. Нејзинот име ќе биде “AE” кратенка од Advanced Efficiency и ќе се препознава по специјалното лого на багажникот и ниво на опременост Pack Business.
Иновациите ќе се истакнуваат преку нејзините исклучителни перфроманси : максимални 230 km/h и 7,2 секунди за досигнување од 0 до 100 km/h.
Екстремно безбеден автомобил Alfa Romeo Giulia неодамна заработи пет престижни ѕвезди од Euro NCAP за заштита на возрасни патници.
