Alfa Romeo на Саемот “Aвтомобили и мотори од една епоха 2015”
Од 22 до 25 oктомври во Падова се одржа најважната италијанска манифестација на автомобили од една епоха. Имајќи го предвид големиот број на продажба на возила и мотори за време на настанот, Саемот во Падова отсекогаш претставува зборно место на љубители и колекционери.
Alfa Romeo
Alfa Romeo на пистата во Падова учествуваше со новата Giulia Quadrifoglio (Џулија Квадрифољо), спој на новата парадигма на Alfa Romeo и максималната експресија на “механиката на емоции”. До неа неколку скапоцени претходнички кои доаѓаат од Историскиот Музеј на Alfa Romeo во Арезе, од скоро повторно отворен за јавноста: Giulia TI Super (Џулија ТИ СУпер), Giulia SS (Џулија СС), TZ2 (ТЗ3) и Giulia Sprint GTA (Џулија Спринг ГТА), кои ја раскажуваат историската врска помеѓу моделот Giulia (Џулија) и перформансот, преку ексклузивно на Мoнтреал Експо во чест на престижното учество на FCA (Фиат Крајслер Автомобили) во својство на Официјален глобален партнер на Експо во Милано 2015, родниот град на Alfa Romeo.
