Alfa Romeo открива гама на B-Tech за време на еден исклучителен настан
Заврши настанот преку кој Alfa Romeo ја претстави новата гама на B-Tech, на располаање на сите продажни места на Alfa Romeo. B-Tech го продолжува успехот на Giulia, Giulietta и Stelvio со тоа што нуди една естетска карактеристика која покажува ексклузивни детали во посебна сјајна засенчена обработка како и технолошки содржини кои нудат исклучителен комфор, сигурност и поврзаност. На овој начин продолжува постојаната еволуција на моделите кои ја искажуваат суштината на марката и ја симболизираат извонредноста Made in Italy: B-Tech воведува бројни новитети кои ги прават уште побогати и персонални механичките креации на Alfa Romeo.
Историски вредности на новата гама
Темата на персонализација беше и лајт мотив на настанот кој се одржа во Дизајнерскиот центар на FCA, место каде се вршат истражувања за формите и материјалите, инкубаторот на новите тенденции каде се создадени новите Alfa Romeo B-Tech.
На настанот настапи Роберта Зерби директор на EMEA Alfa Romeo Brand, која зборуваше за растот на пазарот на Giulia и Stelvio, прецизирајќи дека ова е најпогоден момент за лансирање на специјални верзии кои ќе ја поткренат уште повисоко ДНК Alfa Romeo. Гамата B-Tech, всушност ги обединува историските вредности на брендот Made in Italy, централната посветеност на возачот и искуството од возењето, дизајнот и технологијата и е создадена од потребите на клиентите: “Дизајнот и технологијата се две главни точки на идентитетот на Alfa Romeo, но и барањата на нашите клиенти, кои се луѓе кои знаат што сакаат, да се издвојат и да посветат огромно внимание на деталите како и да бидат опкружени со најдоброто од технологијата. B-Tech ја носи Alfa Romeo на нова територија, согласно традицијата”.
Дизајн и технологија
Како и секогаш факторот по кој се издвојува марката Alfa Romeo е дизајнот и тоа на пазар којшто е секој ден се поконкурентен, каде постојано се појавуваат нови потреби, на дизајнот треба да му се придодаде најдобрата технологија: на ова поле интервенираа Клаус Бусе, директор за дизајн на Fiat, Abarth, Lancia, Alfa Romeo, Maserati, и Клаудио Нерви, директор на планирање и развој. Клаус Бусе нагласи дека специјалната серија на Alfa Romeo се издвојува од било која друга специјална серија бидејќи е создадена не со додавање на надворешни елементи, туку со истакнувањето на персоналноста на брендот, додека пак Клаудио Нерви за задржа на технолошкиот избор.
Што е B-Tech
За најдобро да се искаже и собере на едно место суштината на марката Alfa Romeo и гамата B-Tech, брендот избра уметник, необичен за светот на автомобилите, којшто за прв пат се претстави преку оригиналниот начин на изразување, но елегантен и урамнотежен. Снимањето, посветено на B-Tech гамата го носи потписот на Џовани Гастел. На сцената, славниот фотограф од Милано, ги раскажа поединостите од новото искуство, така како што тоа го прави еден портретист од негов калибар и задржувајќи се на истакнувањето на механичките креации на Alfa Romeo на многу иновативен начин. Гастел, преку издвојување на тематските целини ги воздигна карактеристиките на гамата B-Tech, портретирани по необјавените шеми, правејќи дијалог, благодарение на неговиот истенчен вкус за композиција, помеѓу различните светови.
Допирна точка помеѓу различните светови
Стилот е апсолутна вредност, има моќ да ги спои навидум реалностите кои немаат ништо заедничко: концепт кој произлегува од работата на Гастел и паралелата помеѓу светот на модата и оној на автомобилите. Црната боја, која ја карактеризира B-Tech гамата, не е само стилски детаљ, туку и апсолутен начин да се види невидливото и да се даде светлина на технолошката и елегантна суштина на Alfa Romeo. Гастел ги искористи боите и дизајнерските предмети, поврзани со автомобилите за да ја опише нивната функционалност и естетика на еден нов и современ начин. Работата на материјалите и боите која ја изведоа Дизајнерскиот центар на FCA и фотографот се во хармонија со доминантна тенденција. На сцената беше поканет и Еван Оренстен, ко-основач и ексклузивен издавач на Cool Hunting, дигитална публикација која се занимава со иновации на културно, технолошко и на полето на дизајнот пред публиката составена од креативни професионалци. Оренстен отиде и преку линијата која ја означува границата на светот на автомобилите за да ги сподели тенденциите и висиите во универзумот на дизајнот, модата и стилот на животот. Со неговиот говор уште еднаш, на недвојбен начин, истакна дека B-Tech го искажува доминантниот тренд на моментот во каросерија и со срце 100% Alfa Romeo.
Искуството на Дизајнерскиот центар FCA
На крајот на страсното talk show, публиката уживаше во Giulia, Stelvio и Giulietta B-Tech, исто како и во реконструкцијата на Џовани Гастел преку предметите и светлината да навлезе во виртуелната соба 3D да ги допре со рака со рака материјалите кои го инспирираа изборот на стилот преточен во гаматаB-Tech.
Дизајнерскиот Центар на FCA уште еднаш се покажа во совршено издание за да ги раскаже на иновативен начин тенденциите и просторот каде конкретен израз добиваат идеите и оригниалноста.
