Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo повторно на Пекинг-Париз


По успешното учество во 2007 со Giulietta T.I, Alfa Romeo и оваа година ќе учествува на легендарната трка Пекинг-Париз. Маршрутата од 14.000 км ќе ги извозат две легендарни Alfa Romeo Giulia , една верзија 1300 Ti од 1969 и една 1300 Super од 1973.

Ќе тргнат од кинеската метропола на 12 јуни, учесниците ќе пристигнат во Париз во недела на 17 јули, по 36 денови и 14 000 километри низ 11 држави. Од нив две етапи ќе бидат навистина тешки и тоа низ пустината Гоби и во Монголија каде овие две машини и екипи ќе се истакнат со своите перформанси. Седум италијански екипи од кои две за Alfa Romeo Giulia. Фановите на Alfa Romeo Giulia ќе имаат одлична можност да се запознаат со овие легендарни модели на марката помеѓу Кина и Европа.

La Scuderia del Portello, официјалната екипа на Alfa Romeo ќе биде поддржана истовремено од марката но и од Mopar®, марката за после продажба, резервни делови и дополнителна опрема за клиентите на марката Fiat Chrysler Automobiles.

MotorVillage Paris, се наоѓа на Авенијата на Елисејските полиња свечено ќе ги пречека екипите во понеделник на 18 јули.

160610_Alfa-Romeo_Giulia-Super-1972_slider

160512_Alfa-Romeo_Giulia_02
Ви треба информација? Разговарајте со нас