Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo полни 107 години: крај на неделата за одбележување со специјална прослава


На 24 јуни брендот го прослави својот роденден и беа организирани многубројни манифестации во Историскиот музеј во Арезе во текот на целиот викенд.

  • Почнувајќи од 23 јуни, вкупно 60 сопственици на Alfa Romeo 4C беа дел од посетата на производната линија во Модена и ден на пистата во Варано де Мелегари.
  • Тимот од Портело во Монца го претстави проектот “Formula Alfa”, а автодромот во Валелунга беше домаќин на средбата на Клубот Алфа РОмео на историски автомобили.

На 23 јуни, со извонредно интересни манифестации Alfa Romeo го прослави 107-иот роденден. Најпрвин во Модена 60 сопственици  на Alfa Romeo 4C, имаа можност да ја посетат фабриката во Модена и да го почувствуваат вкусот на иднината, емоциите на писта на автодромот во Варано де Мелегари: вистинско дводелно нуркање во светот на најспортската Alfa Romeo. Исто така Историскиот музеј во Арезе – ги отвори вратите за сите љубители кои посакаа, да можат заедно да го прослават 107-иот роденден на брендот Alfa Romeo, со серија специјални настани. Тоа не беше само прослава, туку и предавање за креативност, учество и вреднување на единственото историско наследство. Богатата програма содржеше и учество на проектантите од Центарот за дизајн, кои на лице место дизајнираа новитет базиран на 164-ката, која полни 30 години. Овој модел беше дел од парадата “Grand Prix Slot Alfa Romeo”, co радиокомандувани модели на писта со шест ленти, за возрасни и деца.

Центар на сите настани беше Историскиот музеј: основан 1976, и повторно отворен за јавноста во 2015. Во него се сместени најважните примероци на Alfa Romeo кои ги одбележаа 107-те години постоење на марката и кои го илустрираат нејзиниот напредок.

Во салата “Џулија” се одржа конвенција посветена на “30 години Alfa 164”- на која присуствуваа значајни гости кои дадоа свој придонес во проектирањето и развојот на еден од назначајните автомобили во историјата на Alfa Romeo. Целиот настан е организиран од страна на FCA Heritage, фирмата која се бави со вреднување и промоција на историското наследство на Куќата.

Во исто време, посетителите можеа да уживаат во работата на самото место на проектантите од Центарот за дизајн на FCA во самиот музеј, место кое беше инспирација за сите создавачи. Како и на секоја прослава, не можеше да недостасува и забавниот момент: “Grand Prix Slot Alfa Romeo”. Посетителите од сите возрасти имаа можност да почувствуваат вистински спортски емоции на пистата со 6 ленти со модели кои беа управувани со далечински управувач, но сè беше како на вистинска трка. Спикер, електронска табела, hot lap.

Во исто  време Типот од Портело го претстави и проектот “Formula Alfa” кој предвидува организација во 2018 на интернационален шампионат за Formula Alfa и Europa Boxer и за Formula 3 создадени во 1979 и 1994, моторизирани Alfa Romeo. Покрај тоа, на автодромот во Валелунга се одржа и традиционалниот собир на клубовите Club Alfa Romeo на историски автомобили.

170621_Alfa-Romeo_24-giugno_slider_01

Историски музеј во АрезеАвтомобилот од некогаш

Симбол на историјата на Куќата, нов архитектонски проект кој ја редизајнира функционалноста прилагодувајќи ја структурата на новите активности и на посетите на јавноста. Во текот на неговото постоење  во него беа изложени 69 модели кои во голем дел ја одбележаа не само еволуцијата на марката туку и самата историја на автомобилите. Од првиот автомобил A.L.F.A., 24 HP, до легендарните победнички на трката Mille Miglia (Илјада милји) како што се 6C 1750 Gran Sport на Тацио Нуволари, од 8C со Touring до Gran Premio 159 “Alfetta 159” светскиот шампион во Формула 1 co Хуан Мануел Фанџо; од Giulietta, иконата на ´50, до 33 TT 12. Постоењето на марката е содржано на три принципи: “Timeline” („Времеплов“), кој претставува индустриска непрекинатост; “Bellezza” („Убавина“), која ги соединува стилот и дизајнот; “Velocità” („Брзина“), синтеза на технологија и лежерност. На секој од принципите одговара еден кат на Музејот. Посетителите може да уживаат во развојот, дизајнот и големите победи на Бишоне.

170621_Alfa-Romeo_24-giugno_slider_03
Ви треба информација? Разговарајте со нас