Alfa Romeo учествува на стотото издание на историската трка “Targa Florio” - Alfa Romeo Makedonija

NEWS

Alfa Romeo учествува на стотото издание на историската трка “Targa Florio”

09 May 2016

160504_Alfa-Romeo_Targa-Florio_01

На стото издание од познатата сицилајанска трка ќе учсетуваат марките Fiat, Alfa Romeo и Abarth, од кои последните две во својство на главни спонзори (Main Sponsor). Со ова се докажува посветеноста на FCA во светот на историските возила за настани кои ја промовираат спортската традиција на своите марки.

Од петти до осми мај во Сицилија ќе се одржи стотата автомобилска трка "Targa Florio", најстара во светот: поттикната, финансирана и организирана од палермитанскиот магнат Винченцо Флорио со цел истакнување на "практичниот и правилниот критериум за вреднување и почитување на патнички автомобил ". Оваа трка се одржува од 1906 и тоа во различни форми. Организирана од AC Palermo, во соработка со Автомобилскиот клуб на Италија (Automobile Club d'Italia), оваа манифестација се состои од следните настани: Targa Florio Rally, Targa Florio Historic Rally, Targa Florio Classic и Targa Florio Historic Speed.

Alfa Romeo

На оваа трка Targa Florio марката Alfa Romeo ги има запишано во историјата најубавите спортски резултати со 10 апсолутни победи, три втори места, седум трети места и 10 најбрзи трки. Бројните победи во класата се постигнати со Giulia GTA, Giulietta SZ, Giulia TZ и TZ2.

Марката Alfa Romeo зема учество во трката Targa Florio Classic на Сицилија со два музејски примероци од кои едниот наречен "Временска машина" (La macchina del tempo): Giulietta SZ од 1960 (4 линеарно поставени цилиндри со зафатнина од 1290 cc, 100 КС), која лесно може да достигне до 200 km/h благодарение на нејзината аеродинамична ефикасност, и Giulia Sprint Speciale од 1963 (4 линеарно поставени цилиндри со зафатнина од, 1570 cc, 112 КС), дизајнирана од Скаљоне (Scaglione).

Од официјалната колекција на Alfa Romeo се истакнуваат уште четири историски возила на трката Targa Florio Historic Speed, која ќе се вози од судот во Флориополи до Черда: Alfa Romeo 6C 1500 Super Sport од 1928 (6 линеарно поставени цилиндри со зафатнина од 1487 cc, компресор, 76 КС); Alfa Romeo 33/2 литри "Daytona" од 1968 (8 цилиндри во "V", зафатнина од 1995 cc, 270 КС), со која извојува победа на трката Targa Florio во 1968; Alfa Romeo 33 TT 12 од 1975 (12 цилиндри, 2995 cc, 500 КС), Светски шампион во класа на Марки во 1975. Овие три возила биле управувани од Jochen Mass, Andrea De Adamich и Arturo Merzario: тројцата светски автомобилски великани кои им ги доведоа најголемите победи на марката. Да ја комплетираме листата на трката Targa Florio Historic Speed со Alfa Romeo 750 Competizione од 1955 (4 линеарно поставени цилиндри со зафатнина од 1488 cc, 145 КС), со мотор на Giulietta а дизајн на Боано.

Додека траат трките од Targa Florio, неколку најнови ексклузивитети од марката Alfa Romeo се изложени во Палермо: прекрасната Giulia Quadrifoglio и новите Giulietta и Mito, двата модели кои неодамна се редизајнирани и ја претставуваат family feeling на Giulia.

Најново од Alfa Romeo