NEWS

Alfa Romeo ќе биде автомобилски спонзор на трката “1000 Miglia” 2020

18 October 2019

190515_Alfa-Romeo_Millemiglia_slider-min

  • Продолжува повеќегодишното партнерство помеѓу Alfa Romeo и “Најубавата трка на светот” која од 13 до 16 мај 2020, ќе се одвива по традиционалната патека Бреша-Рим-Бреша.
  • На стартната линија ќе се најдат неколку прекрасни модели на Alfa Romeo кои припаѓаат на колекцијата на FCA Heritage (Наследството на Fiat Крајслер автомобили)
  • Организаторот ќе има на располагање флота од триесет сегашни автомобили на Аlfa Romeo, помеѓу кои и Giulia и Stelvio.

Од 13 до 16 мај 2020, на традиционалната патека Бреша-Рим-Бреша ќе се одвива 38 ата “најубава трка на светот” како што сакаше да ја нарекува Енцо Ферари. Средба која не смее да се пропушти, а на која ќе присуствува со своја поддршка и Alfa Romeo, како Автомобилски спонзор. Подновено во 2019, а важечко до 2021, тригодишното спонзорство кое има длабока врска уште од далечната 1928 и ја соединува “Freccia Rossa” со италијанскиот бренд.

Како и секогаш, на изданието во 2020 на кермесот во Бреша ќе присуствуваат неколку прекрасни модели на Alfa Romeo од времето кои се дел од колекцијата на FCA Heritage, одделот на Групацијата, посветен на промоција на историското наследство на италијанските брендови на FCA. И веднаш до украсите на heritage ќе дефилира флота од триесет сегашни автомобили – моделите Stelvio и Giulia – кои ја отелотворуваат парадигмата на Alfa Romeo. Со официјалните ознаки на трката “1000 Miglia” 2020, Giulia и Stelvio ќе знаат да ги освојат вљубениците во марката кои ќе го гледаат ова легендарно возење: што е најдобар начин да се откријат одблиску вредностите на Alfa Romeo, влезени во историјата и во трката.

Една од најпознатите спортски победи на Куќата од Бишоне се случи токму во 1928 кога, за време на второто издание на “1000 Miglia”, Alfa Romeo победи во поединечна и во екипна конкуренција, стигнувајќи на целта со сите осум автомобили со кои ја започна трката. Од тогаш, па сè до 1957 марката беше победник дури 11 пати, рекорд кој никогаш нема да биде урнат и кој ја потврдува нераскинливата врска на двете марки кои се подготвени постојано да сјаат во светската автомобилска панорама. И со истиот ентузијазам од оние години, обожавателите ги пречекаа во Бреша, минатиот 18 мај Џовани Мочери и Даниеле Бонети, победниците на “1000 Miglia” 2019 зад воланот на 6C 1500 SS од 1928 која припаѓа на колекцијата FCA Heritage и доаѓа од Историскиот музеј на Alfa Romeo во Арезе. На второто место со 6C 1750 SS Zagato од 1929, управувана од дуото Веско-Гуерини, додека пак останатите автомобили Alfa Romeo запишани во FCA Heritage ја завршија трката на почесните места. Инаку, Alfa Romeo го освои и Трофејот Sponsor Team благодарение на успехот на Мочери со петтото место на 6C 1750 SS Young од  1929 на Кавали-Гамберини.

Најново од Alfa Romeo