Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo: 110 години неповторлива историја


На 24 јуни се навршуваат  110  години од постоењето на Alfa Romeo, во текот на кои марката од Бишоне ги придружуваше возачите и на полето на трките и на полето на емоциите.

  • За оваа пригода, Центарот за дизајн на Alfa Romeo создаде ново лого: верно на најистакнатите елементи на марката, “110” графички и динамички упатува на преминот од минатото во сегашноста
  • Во текот на годината ќе се одвиваат бројни настани, од трката 1000 Mилји до Goodwood Festival of Speed проследени со прослави во Историскиот Музеј: роденденот на Alfa Romeo е навистина роденден на сите вљубеници во марката, и Алфисти и оние кои тоа не се.
  • Предвиден е и богат план на издавачко поле за да се илустрираат најзначајните моменти низ кои главен протагонист била токму Alfa Romeo низ изминатите два века како и досега нераскажаните стории.
  • Не може да се помисли на светската автомобилска историја без да се спомне Alfa Romeo: Бишоне е навистина во срцето не само на Алфистите, туку и на сите вљубеници во автомобилите.

На 24 јуни 2020 марката Alfa Romeo ќе оствари нов престижен дострел: Бишоне ќе прослави 110 години кои се издвојуваат по технолошките иновации, спортските успеси и незаборавните креации на четири тркала. За да го прослави овој настан, Центарот за дизајн на Alfa Romeo создаде ново лого кое ќе се најде на автомобилите и ќе биде дел од сите иницијативи на марката  во текот на 2020 преполна со средби.

Да се сконцентрира на една дата целата активност и прослава на еден роденден кој е толку важен може да се чини невозможно, затоа марката ќе ги изненади своите бројни обожаватели со богат календар на иницијативи. Предвиден е нов издавачки план за историјата која досега не е раскажана за Alfa Romeo, преку гледни точки кои кои се протегаат низ целиот свет на автомобилите и допираат хетерогени полиња: љубопитност, анегдоти, моменти врзани со историскиот и општествениот развој на Италија. Меѓу другото, историјата на  Alfa Romeo се пресретнува со најдоброто од италијанската генијалност и го соединува карактерот со славното техничко и уметничко наследство.

Ново лого “110 Alfa Romeo”

За да ги чествува  110-те години, Центарот за дизајн на Alfa Romeo осмисли лого, кое ја истакнува силната страна на брендот: единствената способност да ги обедини технологијата, уживањето во возењето и убавината. Истрајност низ цел еден век и една деценија, бројка која сама го крои логото: првите две цифри “1” следат  перспективна линија која на самиот број му дава идеја на премин од минатото кон сегашноста и како врв ја пресретнува цифрата “0”.

Внатре во “нулата” се наоѓа еден од иконографските, типични и препознатливи делови на логото Alfa Romeo, “Бишоне”. Внатрешниот дел го заокружува круг со датумот на создавање и актуелната година, 1910-2020.

На ово ј начин сите броеви заедно и иконографската форма ја оживуваат марката со инстантно препознавање, без размислување, како и за секој автомобил кој е означен со логото на “Alfa Romeo”.

Историскиот Музеј Alfa Romeo јадро на прославите

Суштествен момент кој и не можеше да се одвива на друго место: на 24 јуни  Историскиот Музеј Alfa Romeo ќе биде клуб-домаќин на сите обожаватели. Овој бесценет простор кој ги чува најзначајните креации на марката и кој претставува мост помеѓу епохи и генерации ќе биде местото каде секој ќе може да ја сподели сопствената страст преку идејното дување на 110-те свеќички.

Пред и после 24 јуни, сепак, обожавателите ќе имаат бројни прилики за да го прослават роденденот минувајќи низ сите етапи на славната историја која постојано се стреми кон иднидната.

Страста Alfa Romeo на најзначајните автомобилски собири

Alfa Romeo отсекогаш била во центарот на манифестациите кои се однесуваат на светот на спортот и автомобилската култура. Врската со трката 1000 Милји, на пример, е нераскинлива и трае од година во година со учество, успеси, блискост со публиката. Минатата година Бишоне оствари двојна победа, освојувајќи го и трофејот за Спонзор Тим. Вистински празник е и само да се видат како дефилираат 6C 1500 SS од 1928, 6C 1750 Zagato од 1929 или 6C 1750 SS Young од 1929 по улиците и местата на прослава низ Италија. Прославата на стоидесет годишнината на “Freccia Rossa” – Црвената стрела, од 13 до 16 мај на делот Бреша-Рим-Бреша со неповторливи славенички активности кои ќе се одвиваат под закрилата на историјата.

Изненадувања ќе има  и на Goodwood, од 9 до 12 јули, во рамките на славниот Festival of Speed, како врв на светско ниво за сите обожаватели на четирите тркала. Alfa Romeo ќе биде почесен гостин и ќе добие посебен место за својот роденден веднаш до паркот кој го опкружува Goodwood House и за време на митскиот Run Up of the Hill.

Овие и останати настани предвидени во текот на целата година на прослави ќе придонесат за консолидирање на митот за марката и ентузијазмот на оние возачи кои ќе ја изберат и не само од тоа што ќе возат една механичка креација конструирана за уживање во возењето, туку и за задоволување на страста.

Од 1910 до 2020 се минува пат низ интернационалното постоење на марката, моторите, технологијата, адреналинот, историјата и забавата: роденденот на  Alfa Romeo е роденден на сите.

 

d6c0ba0cdaab0ae95066b3910f32f67c08a7acac