ALFA ROMEO “DID IT AGAIN”

 
  • И пак, повторно се случи! Болидот од F1, зад чиј волан се најде возачот на Alfa Romeo Жу Гуанју, излезе рамките на интернационалните патеки за трките на Големата награда за да се најде, на зачуденост на сите, на улиците среде Италија.

 

Пред нешто помалку од една година, или поточно на 24 јуни 2022 година, денот на прославата на 112 годишнината на марката, возачот на Alfa Romeo F1 тимот, Валтери Ботас “го разбуди Милано” брчејќи со својот C42 низ сѐ уште пустите улици на заспаното Милано. Екстравагантен начин на Alfa Romeo да го прослави денот на своето создавање.

 

Е денес, тоа веќе и не е единствен настан, затоа што Alfa Romeo го направи пак на патот помеѓу Касино Помиљано којшто идеално ги поврзува италијанските фабрики на Alfa Romeo, каде што возачот Жу Гуанју одново се појави во болид надвор неговото вообичаено место на појавување, асфалтот на патеките низ целиот свет.

 

Која и да е  целта на ваквата активност, не носи нови бодови за кинескиот возач кој за да ги покаже своите способности ќе треба да се врати на предизвиците со острите противници на следната трка за Големата награда во Баку, Азербејџан. Сепак, сигурно дека е ова е единствен и смел начин, типичен за Alfa Romeo да го зачудува сопственото племе од вљубеници.

 

Stay tuned..