Alfa Romeo Logo

Модели

Алфа Ромео е подготвена да ги стопли срцата на обожавателите на Фестивалот Goodwood Festival of Speed 2022


Алфа Ромео Тонале дебитира во Обединетото Кралство на Фестивалот на брзината (Festival of Speed) 2022.

  • Алфа Ромео Ф1 тимот зазема иконска позиција заедно со возачот Гуанју Жу кој ќе ја одигра својата улога на славната патека “Hillclimb” зад воланот на Тонале.
  • На изданието 2022 дебитираат новите Џулија и Стелвио ESTREMA, првите светски специјални серии кои го добиваат максимумот кога станува збор за техничката префинетост и динамиката за возење.

Оваа година на Goodwood Festival of Speed, свое деби во Обединетото Кралство ќе има Алфа Ромео Тонале, на познатата патека „Hillclimb“. Во сабота, на 25 јуни, Тонале ќе ги помине познатите 1,16 милји, а зад воланот ќе се најде Ф1 возачот Гуанју Жу. Во оваа прилика Алфа Ромео на обожавателите ќе им ги претстави и новите светски специјални серии на Џулија и Стелвио – ESTREMA.

Тонале е првиот електрифициран C-SUV на Алфа Ромео и модел којшто ја симболизира метаморфозата на марката, проектирајќи ја на тој начин во нова ера. Системот за електрификација е дизајниран така да биде во служба на марката и нејзината ДНК, нуди автентично хибридно возачко доживување, верно на динамиката на возење на вистински Алфа Ромео автомобил, благодарение на специфичните технички решенија.

Тонале е автомобил опремен со највисока технологија во историјата на Алфа Ромео. Тоа е првиот автомобил воопшто, опремен со дигитален сертификат NFT, пионер во автомобилскиот сектор, со поврзување на максимално ниво и со иновативниот систем за информирање и забава проектиран за да овозможи ажурирање “Over The Air” како и интеграција со Amazon Alexa.

Зад воланот на Тонале ќе се најде Гуанју Жу, за прв пат во историјата на Ф1 кинески возач. По одличното деби во неговата прва сезона, кога ги освои и првите бодови на трката во Канада, минатата недела, каде го оствари неговиот најдобар пласман. Жу, во Гудвуд ќе се сретне и со обожавателите на Моторспорт, каде топло ќе го пречекаат обожавателите присутни на Фестивалот на брзинат, еден од најзначајните мотористички настани на светот.

И специјалната серија ESTREMA ќе дебитира во Обединетото Кралство, а посетителите ќе можат да го откријат на штандот на Алфа Ромео. Џулија и Стелвио “ESTREMA” ги претставуваат првите светски специјални серии кои го добиваат максимумот кога станува збор за техничката префинетост и динамиката за возење на Алфа Ромео.

Верни на корените на Марката, направени се така да можат да пружат извонредно спортско возење на врвот во гамата: душата на Детелинката со четири листа – Quadrifoglio во автомобил за секој ден.

Наменето за купувач кој внимава на одличните технички решенија, кои се способни да создадат вистинска „симбиоза“ со автомобилот, специјалното издание EXTREMA, во сериска опрема содржи активна суспензија и автоблокирачки диференцијал. Употребата на карбонски влакна му дава поголема леснотија и висок спортски сет.

Торино, 23 јуни 2022

2b338fab192ff83840b6d8b5b450c7945564e5d5
Ви треба информација? Разговарајте со нас