Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia е номинирана за “Game Changer”


• Alfa Romeo Giulia е избрана за автомобил “Game Changer” во рамките на наградите кои се доделуваат на Autocar 2017.
• Наградена за “нејзините неверојатни перформанси и исклучителни возни својства “.

Alfa Romeo Giulia е номинирана за автомобил “Game Changer” во рамките на наградите кои се доделуваат на Autocar 2017, бидејќи претставува “комплетна револуција на една од најсаканите марки во светот на моторите”.
Mark Tisshaw, уредник на списанието Autocar, прокоментира: “Не станува збор само за најконкурентната лимузина Alfa Romeo од времето на претходната Giulia, од пред повеќе од половина век, туку и за најзабавната за возење и најубавата, фактори кои се основни за сите алфисти: благодарение на нејзините неверојатни перформанси и исклучителни возни својства, Giulia го нуди сето она што некој може да го посака од една Alfa Romeo”.
Новата Giulia, создадена од најдобрите инженери, проектанти и дизајнери на FCA, ги поседува најважните елементи на марката Alfa Romeo, кои години наназад ја правеа една од најсаканите марки на светот во секторот на автомобилизмот: единствен италијански дизајн; иновативни мотори; совршено распределена тежина; ексклузивни технички решенија; сооднос тежина/моќност на врвот во категоријата.
Autocar потврдува дека автомобилите номинирани за Game Changer “се во состојба да ги промената стандардите на категоријата каде припаѓаат, менувајќи го на револуционерен начин статус кво во корист на нивните купувачи”; што се однесува до Giulia конкретно, списанието додава дека “е привлечна, посебна и изненадувачка со new entry во категоријата која најчесто се издвојува по својата ненаметлива супериорност “.

Торино, 24 мај 2017

170524_Alfa-Romeo_Giulia-Game-Changer_011
Ви треба информација? Разговарајте со нас