Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia освои 5 звезди на Euro NCAP


Alfa Romeo Giulia ги освои престижните пет звезди Euro NCAP благодарение на одличниот резултат од 98% за заштита на возрасни, што претставува највисок score некогаш остварен до денес, и покрај ригорозниот систем на оценување воведен во 2015.

Овој исклучителен резултат можеше да се достигне единствено благодарение на два клучни елементи на проектот Giulia: мноштво од иновативни уреди и системи за сигурност кои придонесуваат за ефикасноста на структурата која истовремено е лесна но и цврста и издржлива благодарение на карбонатните влакна, алуминиумот и елементи на база на алуминиум.

Овој резултат е потврда за вниманието што Alfa Romeo го посвети за заштита на сите учесници во сообраќајот. Бескопромисно, Alfa Romeo Giulia е автомобил создаден да постане репер на марката но и репер за целиот сегмент особено во делот на сигурноста.

Достоен на традицијата на Alfa Romeo, Gulia нуди технички иновативни решенија за да гарантира беспрекорни динамички перформанси но истовремено и безбедност во возењето на највисоко ниво. Од најсофистицираните содржини во Alfa Romeo Gulia вреди да се истакне најновиот систем на интегрирано сопирање (IBS), со што значително се намалува растојанието на запирање (од 100 km/h до 0 за 38 m и 32 ​​m за верзијата Quadrifoglio). Софистицирана шема на потпирање е производ на ексклузивната технологија AlfaLink. Сите овие елементи гарантираат оптимално држење на патот и едноставна и интуитивна контрола на возилото во секоја ситуација.

Новата Giulia е авангардна во смисла на уредите за асистенција во возењето. Системот за предупредување од удар “Collision Forward Warning” (FCW) и независното нагло запирање (AEB) со препознавање на пешаци во сериска опрема кај сите верзии. Со вградување на радар и камера во ветробранското стакло напред, овој уред препознава присуство на било каква пречка или возило кое се наоѓа на траекторијата на Giulia, и го предупредува возачот за опасност од удар. Доколку возачот не интервенира, системот автоматски ги вклучува сопирачките за целосно да се избегне ударот или пак во најмала рака да се ублажат последиците. Со функцијата за препознавање на пешаци, AEB има способност да ја намали брзината на возилото до 60 km/h. На располагање е и предупредувањето за ненамерно преминување на коловозната линија “Lane Departure Warning” (LDW) како и надгледување на мртвиот агол “Blind Spot Monitoring” (BSM) со опционалот “Rear Cross Path Detection” кој обебзбедува контрола врз сите зони околу возилото во моментот кога преминува од една во друга коловозна лента, или пак кога го напушта паркинг местото.

160301_Alfa-Romeo_Ginevra-Giulia_01
Ви треба информација? Разговарајте со нас