Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia оствари две победи на “sport auto AWARD 2018”


Читателите на германското списание за автомобилизам, кои отсекогаш биле посебно внимателни кон перформансите, ја избраа Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio за најдобро возило во категоријата Сериски лимузини/Каравани до 100.000 евра” (www.sportauto.de/ sportautoaward). Alfa Romeo Giulia Veloce е победник во категоријата на увезени автомобили Сериски лимузини/Каравани до 50.000 евра”. Двата модели го освоија третото место во соодветните категории, пред големите германски ривали. И Alfa Romeo 4c Spider се пласира на врвот во нејзината класификација.

Еднаш годишно, познатото германско списание за автомобилизам “sport auto” ги прашува своите читатели кои се посебно внимателни кон перформансите, кои се нивните омилени модели. Исходот на “sport auto AWARD”, кои пред сè водат сметка за динамичките карактеристики на автомобилите учесници на изборот, е заснован на  лакмусовиот тест за секторот на спортски возила. По втор пат по ред Alfa Romeo Giulia доби одлични резултати. Уште во 2017 Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, моделот кој се наметнува во гамата со бензинскиот мотор 2.9 V6 turbo со 375 kW (510 КC), победи помеѓу останатите автомобили од увоз во категоријата “Сериски лимузини/Каравани до 100.000 евра”. Alfa Romeo Giulia Veloce turbo 2.0, опремена со бензински мотор од 206 kW (280 КC), е избран за најдобар автомобил од увоз во категоријата “Сериски лимузини/Каравани до 50.000 евра” .

И двата модели на Alfa Romeo Giulia се издвоија и во генералната класификација во соодветните категории , соочувајќи се со германските ривали. Уште еднаш, читателите на “sport auto” го покажаа нивниот добар вкус за дизајн, стил и перформанси made in Italy. Ha Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio и го доделија третото место во категоријата“Сериски лимузини/Каравани до 100.000 евра”, а истата позиција ја освои и Alfa Romeo Giulia Veloce turbo 2.0 во категоријата “Сериски лимузини/Каравани до 50.000 евра” .

“Многу сме горди што Alfa Romeo Giulia по втор пат по ред победи во две категории за увезени автомобили на ‘sport auto AWARD’,” изјави Роберта Зерби, директор на брендот Alfa Romeo, за регионот на земјите ЕМЕА, за време на церемонијата на доделување на наградите во Штутгарт. “Двете трети места во генералната класификација наспроти лутите локални ривали преставува одличен резултат. И во иднина ќе продолжиме да правиме сè што е можно за да ги освоиме читателите на ‘sport auto’ со нашите возила со високи перформанси.”

И Alfa Romeo 4C Spider го освои фантастичното трето место во класификасијата на категоријата “Standard Roadster до 100.000 евра” и се вброи уште еднаш помеѓу првите три во нејзината категорија.

Наградите на “sport auto” стигнаа до 26-то издание. Досега се натпреварувале вкупно 238 модели во 25 категории, од кои  15 имаа предвид и една дополнителна класа за возила од увоз, претставувајќи се пред судот  на читателите експерти. Очигледно, помеѓу 11-те илјади читатели кои гласаа, има добар број обожаватели на Alfa Romeo Giulia.

181108_Alfa-Romeo_Sportauto-Award_01_slider
Ви треба информација? Разговарајте со нас