Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia прогласена за ‘‘Auto Europa 2017’’


Alfa Romeo Giulia, новата спортска лимузина на италијанската марка е прогласена за “Auto Europa 2017» од страна на италијанската унија на автомобилски новинари. И покрај големата конкренција наградата ”Auto Europa 2017” е доделена на Giulia како претставник на најпосакуваната светска марка Alfa Romeo.

Повод за ова важно признание се квалитетите на овој оригиналниот производ во својот сегмент. Alfa Romeo Giulia, е симбол на генијална технологија и италијански стил, кој ве носи во нова автомобилска димензија: спој на убавина и функционалност за постигнување на оптимални механички перформанси со одлични мотори , оригинални технички солуции и најдобар сооднос тежина /моќност во сегментот со интегралниот пренос Q4. Alfa Romeo Giulia е рангирана на највисокото скалило во делот на сигурноста со пет ѕвезди од Euro NCAP и резултат од 98% за заштита на возрасни лица.

Гамата на Giulia се состои од четири нивоа на опременост (Giulia, Super, Veloce и Quadrifoglio) и пет мотори сите изработени во Италија и од чист алуминиум: 2.2 Diesel 150 КС и 180 КС со шестостепен мануелен менувач или со осумстепен автоматски менувач; 2.9 V6 Biturbo 510 КС со шестостепен мануелен менувач или со осумстепен автоматски менувач.  Новата Giulia Veloce се нуди и со интегрален пренос на сите тркала Q4 за одлични динамични карактеристики и баланс помеѓу перформансите, ефикасноста и сигурноста.

161018_alfa-romeo_giulia-auto-europa-2017-eng_02
Ви треба информација? Разговарајте со нас