Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia триумфираше во Германија на „SPORT AUTO AWARD 2021″


  • Alfa Romeo Giulia освои три први места на конкурсот на кој гласаа читателите на германскиот магазин SPORT AUTO.
  • Giulia GTA Limited Series победи во категоријата на увезени автомобили „Седани/каравани од сериско производство над 100.000 евра“.
  • По петти пат по ред, читателите ја крунисаа Giulia Quadrifoglio за кралица во категоријата на увезени автомобили „Седани/каравани од сериско производство над 100.000 евра“.
  • Alfa Romeo Giulia Veloce го освои највисокиот подиум во класификацијата на увезени автомобили во категоријата „Седани/каравани од сериско производство до 75.000 евра“.

Alfa Romeo Giulia го освои првото место во три категории на конкурсот „SPORT AUTO AWARD“. Овој успех потврдува дека италијанскиот седан е еден од најпопуларните автомобили меѓу читателите на угледниот магазин SPORT AUTO кој во претходните години редовно ја наградуваше Alfa Romeo Giulia.

„SPORT AUTO AWARD“ јасно го покажува расположението на обожавателите на спортски автомобили во Германија, чиј ентузијазам за Alfa Romeo Giulia опстојува без знаци за опаѓање.

Во категоријата „Седани/каравани од сериско производство до 75.000 евра“ во класификацијата на увезени модели, првото место ѝ припадна на Alfa Romeo Giulia Veloce со конфигурацијата 2.0 Turbo од 280 КС.

Петти пат по ред, Giulia Quadrifoglio го зазема првото место во категоријата увезени автомобили „Седани/каравани од сериско производство до 100.000 евра“. Giulia Quadrifoglio е опремена со 510 КС Alfa Romeo 2.9 V6 Bi-Turbo мотор.

Во класификацијата на увезени автомобили во категоријата „Седани/каравани над 100.000 евра”, најголемиот број читатели ја избра Alfa Romeo Giulia GTA.

Произведена во само 500 нумерирани примероци, Giulia GTA, го носи познатиот акроним „Gran Turismo Alleggerita“ и оддава почит на еден од најлегендарните автомобили во славната историја на марката: Giulia sprint GTA од 1965 година. Благодарение на широката примена на ултралесни материјали, Giulia GTA  има намалена тежина до 100 kg во споредба со Giulia Quadrifoglio и е опремена со подобрена верзија на моторот Alfa Romeo 2.9 V6 Bi-Turbo со 540 КС со специфична моќност од 187 КС/l, најдобар во класата, и со моќ да испорача извонредни перформанси, во однос на времето на круг на патеката и  забрзувањето. Аеродинамиката е изведена така да може да ги искористи предностите на техничкото умеење кое произлегува директно од Формула 1 благодарение на синергијата со

Sauber Engineering.

Конкурсот “SPORT AUTO AWARD 2021” оваа година го имаше своето 29то издание. Преку 15.400 читатели на SPORT AUTO го искажаа своето мислење преку гласањето воизборот на 234 автомобили, поделени во 28 категории.

b53cd87f278e627740ce6a69e783fdf81f838c01
Ви треба информација? Разговарајте со нас