Alfa Romeo Giulia ја доби титулата “2017 Newcomer of the Year”
Како најдобар избор со 33.4% од гласовите на читателите на автомобилскиот магазин Quattroruote, фасцинантна Alfa Romeo Giulia го доби епитетот “2017 Newcomer of the Year”, најпрестижната титула во натпреварот кој го организира овој месечен магазин. На победничкиот трон се најдоа уште две италијански “модни креации” Fiat 124 Spider и Maserati Levante
Церемонијата на доделување на награди се одржа во Милано на денот на магазинот “Quattroruote Day”.
Оваа манифестација за првпат е одржана во 2000, и досега единаесет модели на FCA се качија на победничкиот трон меѓу кои минатата година беше избран Fiat 500X.
Giulia е вистински израз на духот на Alfa Romeo, каде сите составни елементи прават од неа вистинско посакувано возило кое се истакнува со: препознатлив дизајн, мотори со високи перформанси, идеална распределба на тежината и оригинални технолошки решенија. Fiat 124 Spider ја продолжува традицијата на својот легендарен постар брат кој плени со својот стил и перформанси.
Turin, 2 Февруари 2017
