Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia ја освои титулата “Best Car” – Најдобар автомобил


Во Германија, Giulia е најдобар во категоријата увезени автомобили според мислењето на читателите на „Аuto motor und sport“.

Четврти пат во последните пет години на изданието на нагрaдите „Best car“ за 2021 првото место го освои Аlfa Romeo Giulia.

Над 101.000 читатели гласаа за своите омилени возила помеѓу 378 модели кои се продаваат на германскиот пазар.

Уште една престижна награда за Alfa Romeo Giulia. Списанието за автомобили „Аuto motor und sport“ го избра својот „Најдобар автомобил 2021“. Читателите гласаа со доделување на победата на италијанскиот седан во категоријата увозен седан, и тоа по четврти пат во изминатите пет години. Освојувајќи 22% од гласовите, Аlfa Romeo Giulia ги победи останатите 14 конкуренти. Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo Stelvio, освоија второ и трето место во своите категории, со што го комплетираа успехот на марката на „ Beѕt car 2021“.

Со четвртата победа во последните пет години на натпреварот „Beѕt car“  Аlfa Romeo Giulia го потврдува силниот ентузијазам за италијанската марка кај љубителите на автомобили во Германија. Доказ за тоа не е само победата на Giulia, туку и наградите кои ги освоија моделите Stelvio и Giulietta во нивните категории.

Над 101.000 читатели учествуваа на 45-то издание на натпреварот „Beѕt car“  организиран од специјализираното списание „Аuto motor und sport“. Читателите можеа да бираат од 387 модели поделени во единаесет категории, вклучувајќи возила од увоз во нивните категории. За прв пат, церемонијата на доделување на наградите се одржа на виртуелен начин.

abb41dc1e561b3ce2ac942d9eb62a2773614c924-min
Ви треба информација? Разговарајте со нас