ALFA ROMEO GIULIA ИЗБРАНА ЗА
“BEST CAR 2022” (НАЈДОБАР АВТОМОБИЛ 2022)
ВО ГЕРМАНИЈА


Alfa Romeo Giulia по петти пат ја освојува наградата која ја доделуваат читателите на списанието “auto motor und sport”.

Победа во средната класа – категорија автомобили од увоз.

Читателите на познатото германско списание за автомобили „auto motor und sport“ повторно ја изгласаа Alfa Romeo Giulia за “Best Car” (најдобар автомобил). По петти пат во последните 6 години, италијанскиот седан се пласираше на прво место во категоријата средна класа/ автомобили од увоз. Од вкупно над 100.000 читатели кои гласаа, 18,8 проценти ја изгласаа Alfa Romeo Giulia за најдобар автомобил во категоријата.

Со победата во категоријата „Best Cars 2022“ (Најдобри автомобили 2022), колекцијата на награди на Alfa Romeo Giulia во Германија продолжува да се зголемува. Во последниве години, спортската лимузина ја доби меѓународно признатата награда „Red Dot“ и собра уште неколку други награди од читателите на сите континенти.

Натпреварот „Best Cars“ (Најдобри автомобили) на „auto motor und sport“ годинава се одржува по 46-ти пат. Списанието побара од своите читатели да гласаат помеѓу 386 актуелни возила поделени во дванаесет категории, а во категориите се вклучени и увезени возила.