Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia е “Best Car 2018” според “Auto Motor und Sport” “: се повторува успехот од минатата година на престижниот интернационален собир


Втора година по ред, мислењето на читателите на славното специјализирано списание “Auto, Motor und Sport” не дозволува реплики: за нив, новата Alfa Romeo Giulia е најдобриот автомобил од увоз во средна класа. Ова е резултат на гласањето за признанието “Best Car 2018”. На 42-то издание на изборот на читателите, Alfa Romeo Giulia доби вкупно 22,4 проценти од гласовите. Инаку, со Alfa Romeo Stelvio, првиот SUV од Бишине и комапктната Alfa Romeo Giulietta го крунисуваат огромниот успех на марката освојувајќи го второто место во соодветните категории. И не само тоа: читателите на “Auto, Motor und Sport” го изгласаа Abarth 595 за најдобар автомобил во категоријата “Mini Car од увоз “. Спортскиот компактен италијански автомобил ја доби престижната награда “Best Car” трета година по ред благодарение на освоените 27,2 проценти на читателите, а се искачи на подиумот и во вкупната класификација Mini Car.

42-то издание на натпреварот “Best Car” беше интернационално. Читателите на 18 списанија од Европа и надвор од неа проценуваа вкупно 385 модели во единаесет различни категории. “Горда сум што ја добиваме оваа награда – изјави на церемонијата на доделување која се одржа во Штутгард, Роберта Ѕерби, директор на EMEA Alfa Romeo Brand -. Овој успех на Alfa Romeo Giulia е од извонредно значење на територијата на Германија и покажува дека нашите инжењери и дизајнери знаеја да ги задоволат потребите на автомобилистите во земјава “.

Alfa Romeo Giulia

160920_Alfa-Romeo_Parigi_06

Освен веднаш препознатливиот Виталијански дизајн и богатата сериска опрема, широката гама на мотори е една од тајните на успехот на Alfa Romeo Giulia. Конструирани исклучиво од алуминиум, претставуваат технолошка авангарда во поглед на ефикасноста, потрошувачките и емисиите. Верзијата 2.2 180 КС AT8 Advanced Efficiency, на пример, ги комбинира перформансите на врвот во категоријата со просечна потрошувачка од 3,8 литри на секои 100 km, co емисии на CO2 од само 99 g/km.  Врвниот модел во гамата, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, е опремен со мотор 2.9 V6 Biturbo бензинец со 375 kW (510 КС). Оваа верзија, е максимален израз на “Механиката на чувства”,  располага со сооднос тежина/моќност на врвот во категоријата – 2,99 kg/КС – благодарение на употребата на ултралесни материјали, како на пример карбонски влакна во кровот, хаубата, преден splitter, заден nolder и инсерти во страничните спојлери. Тежината на верзијата Quadrifoglio може дополнително да биде намалена со вградување на два елементи, кои може да се добијат по барање: царбокерамички дискови на сопирачките и седишта Sparco co задна школка од карбонски влакна.

Alfa Romeo Giulia е еден од најсигурните автомобили во неговиот сегмент, а тоа го потврдуваат и петте ѕвездички на EuroNCAP. Инаку, сите модели на Alfa Romeo Giulia одушевуваат со нивниот спортски начин на возење, совршената распределба на тежината помеѓи предната и задната оска и одличен сооднос тежина/моќност. Моделот располага со заден или пак интегрален погон на Alfa Q4, кои гарантираат не само извонредни спортски перформанси, туку и во потполност ја следат традицијата на Alfa Romeo, обележана со успеси во светот на автомобилските трки.

180126_Alfa_Romeo_Abarth_03
Ви треба информација? Разговарајте со нас