Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia GTAm триумфира во Германија на AUTOBILD SPORTSCAR OF THE YEAR


  • Giulia GTAm е избрана за “AUTO BILD SPORTSCAR of the Year 2021”
  • Победа и во категоријата на автомобили од увоз “Лимузини & Каравани”
  • Giulia GTAm оддава почит на еден од најистакнатите спортски автомобили во историјата на италијанската марка

Единствениот италијански дизајн во склад со екстремните перформанси на моторот со 540 КC ги убедија читателите на списанието AUTO BILD SPORTSCARS дека заслужено го одбраа најмоќниот автомобил кој досега е произведен во Аlfa Romeo за “AUTO BILD SPORTSCAR of the Year 2021”.Од читателите беше побарано да го искажат сопственото мислење за вкупно 109 нови спортски автомобили. Giulia GTAm се пласира на првото место во категоријата на автомобили од увоз “Лимузини & Каравани”.

Минатата година читателите на AUTO BILD SPORTSCARS за победник ја прогласија Аlfa Romeo Stelvio Quadrifoglio. Оваа година Giulia GTAm го доби ова признание. Значаен резултат којшто го потврдува ентузијазмот и оценката на германските вљубеници во автомобилите кои ги чувствуваат за италијанската марка.

Произведена во само 500 нумерирани примероци, Giulia GTA ја носи славната кратенка од “Gran Turismo Alleggerita” и претставува омаж на еден од најлегендарните автомобили во славната историја на марката: Giulia Sprint GTA од 1965. Благодарение на продолженото пприменување на ултралесни материјали, Giulia GTA е олеснета за 100 kg вкупна тежина во однос на Giulia Quadrifoglio и е опремена со појачана верзија на моторот Alfa Romeo 2.9 V6 Bi-Turbo со 540 КC co специфична моќност од 187 КC/l, вредност најдобра во класата (best in class), и е во состојба да испорача извонредни перформанси како во однос на времето на поминат круг на писта, така и на забрзувањето. Аеродинамиката е посебно изведена благодарение на техничката умешност која произлегува директно од Формула 1 благодарение на синергијата со Заубер Инженеринг.

23790855ff401e6bc944bdaafd40c71faad51a20
Ви треба информација? Разговарајте со нас