Alfa Romeo Giulia ја доби титулата “Автомобил на годината 2018” во Северна Америка - Alfa Romeo Makedonija

NEWS

Alfa Romeo Giulia ја доби титулата “Автомобил на годината 2018” во Северна Америка

01 December 2017

160510_Alfa-Romeo_Giulia_HP

Специјализираното списание Motor Trend ја номинираше Alfa Romeo Giulia за Автомобил на годината 2018, бидејќи е носител на исклучителна вредност поради супериорноста во нејзината категорија и влијанието што го има на полето на автомобилизмот.

“Наградата Автомобил на годината од страна на Motor Trend – рече Реид Бигланд, директорот на брендот Alfa Romeo – е признание за интензитетот на работата, за посветеноста и страста кои се основа на развојот на целокупната гама на Giulia, вклучувајќи ја тука и Giulia Quadrifoglio. Тоа е модел кој направи револуција во сегментот и се навраќа на историската традиција на марката и на тркачката ДНК. За нас претставува чест што е ова првата италијанска марка што го добива ова престижно признание и со ентузијазам ја исчекуваме иднината која му претстои на Alfa Romeo овде, во Северна Америка и во останатиот дел од светот”.

Наградата Автомобил на годината на Motor Trend е отворена за сите автомобили кои се излезени или значајно подновени во 2017. Наместо да бидат спротивставени едно на друго, сите возила кандидати се подложени на комплетна серија на испитувања за да се потврди забрзувањето, моќноста на сопирање и управувањето со ограничувањата.

Сите автомобили кои се во натпреварот потоа се проценуваат во центар за професионални тестови на автомобилите на три различни патеки, пред да бидат избрани финалистите. Од еден спектар на автомобили кој беше трет најширок од постоењето на натпреварот, судиите на Motor Trend  го стеснија изборот на осум финалисти за Автомобил на годината, меѓу кои и Alfa Romeo Giulia.

“Судиите на Motor Trend потврдија дека Alfa Romeo Giulia претставува автомобил со максимална експресија – рече директорот на Motor Trend, Ед Лох – Alfa Romeo ја создаде можеби најдобрата лимузина на пазарот во однос на возните својства”.

Сите модели финалисти на годината се избрани од страна на судиите на Motor Trend и оценети врз основа на шест критериуми: дизајн, инженерска извонредност, сигурност, ефикасност, вредност  и очекувани перформанси. Alfa Romeo Giulia го претставува најдоброто од овие шест клучни елементи кои го карактеризираат и сето она што потрошувачите го сакаат од нивниот иден автомобил.

Giulia Quadrifoglio, топ верзија од гамата, ги истакнува перформансите и спортските компетенции на Alfa Romeo co моќност на врвот од категоријата со 510 коњи, забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,9 секунди и рекордно време од 7 минути и 32 секунди на легендарниот круг во Нирбургринг, најдобро време остварено од лимузина со 4 врати.

Сите модели на Alfa Giulia, нудат:

  • Една скоро совршена дистрибуција на тежината (50/50 помеѓу двете осовини) благодарение на новиот заден погон и архитектурата Giorgio, како и на ексклузивната оска на пренос од карбонски влакна;
  • Моќност на врвот во категоријата;
  • Единствен италијански дизајн и филигранска изработка во сегментот премиум на средните лимузини;
  • 55 години наследство на Giulia, сочинуваат спој на извонредни перформанси на моторот и употребата на ултралесни материјали со повеќе од еден век историја на марката, која ја испиша сопствената легенда на патиштата ширум светот.

Што претставвуа наградата “Автомобил на годината”         

Наградата “Автомобил на годината”, која се доделува секоја година од страна на списанието Motor Trend е едно од најпрестижните признанија кои се доделуваат на автомобилската индустрија во Северна Америка. Специјализираното списание Motor Trend е прво кое ја востанови наградата Автомобил на годината, во 1949, година на деби на самото издание. Денес оваа награда стигна до 70-ото издание. Сè до 1999 наградата беше резервирана само за автомобили произведени во Соединетите држави, додека увезените се натпреваруваа во одделна категорија наречена “Увоз на годината“. Од 2000 сите возила се натпреваруваат во иста категорија и наградата е единствена.

Најново од Alfa Romeo