Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia ја однесе престижната награда за EuroCarBody 2016


Alfa Romeo Giulia ја доби престижната награда EuroCarBody 2016, најпрестижно признание доделено од “Automotive Cercle International” за квалитетно дизајнирање на автомобилските компонентите  и автомобилските платформи. Ова 18-то издание се одржа од 18 до 20 октомври во Германија во близина на градот Франкфурт во присуство на бројни и еминентни експерти од делот на производство и дизајнирање на автомобилот.

Отворен за сите автомобилски производители, овој годишен конкурс ги собира на едно место најпрестижните автомобилски производители кои ги претставуваат своите најиновативни солуции. Во рамки на овој конкурс беа  изложени делови од каросерија грижливо анализирани од страна на жирито составено од техничари и експерти кои ги оценуваа истите врс основа од 20 критериуми распоредени во пет категории: развој и примена на иновативни материјали, применети солуции за развој и дизајн; иновативни концепти во процесот на индустриско производство; нивно вградување за безбедност на клиентот, ергономичност, звучна изолација и последната категорија комплетноста и квалитетот на презентацијата на техничко-технолошката содржина.

Со 39,46 поени од максимални 50, Alfa Romeo Giulia се најде пред нејзините најважни конкуренти : Honda NSX, Volvo V90, Bentley Bentayga, Aston Martin DB 11, Land Rover Discovery, Kodiaq Skoda и Peugeot 3008.

Овој извонреден резултат на Giulia се должи на нејзиниата иновативна структура која истовремено е цврста, издржлива и отпорна, благодарение на интензивната примена на ултра-лесни материјали како што се карбонатните и алуминиумски влакна. Овие технолошки карактеристики во комбинација со сериските уреди за сигурност како и петте ѕвезди од EuroNCAP и остварени 98% на ниво на заштита на возрасни лица, резултат што ниту еден друг автомобил не го достигнал.

Наградата EuroCarBody 2016 е потврда на дизајнерските квалитети на овој оригинален производ. Да се биде зад управувачот на една Alfa Romeo Giulia, симбол на технолошка генијалност и италијански стил, значи да се навлезе во нова автомобилска димензија: спој на естетска убавина и функционалност кои гарантираат оптимални механички перформанси, оптимална распределба на тежината, уникатни технички решенија, најдобар сооднос тежина/моќност во сегментот.

 

161021_alfa-romeo_body-giulia_01_slider
Ви треба информација? Разговарајте со нас