Alfa Romeo Logo

Модели

ALFA ROMEO GIULIA QUADRIFOGLIO ИЗБРАНА ЗА “СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА”


На изборот на „Спортски автомобил на годината“ организиран од специјализираното списание AUTO BILD SPORTSCARS, во ниедна друга категорија наменета на „Седани и караван верзии/сериски автомобили“ не учествуваa толку голем број на конкуренти, дури 24. И победник е Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio.

Топ моделот на серијата го повторува успехот на Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio, кој беше прв во својата категорија во конкуренција промовирана од AUTO BILD SPORTSCARS пред точно една година. Двата автомобили, наградени со иста награда, се опремени со бензински битурбо мотор V6, кој произведува 375 kW (510 КС).

Giulia Quadrifoglio е израз на извонредност на Alfa Romeo и покажува  уште поголеми перформанси, со победnичка ДНК и непогрешлив италијански стил. Подновувањето на гамата е завршено со оваа концентрација на софистицирани технички решенија и перформанси, во кои Giulia претставува најпрефинет израз на функционален и типично италијански дизајн, во полн стил Alfa Romeo.

Перформансите, на врвот на категоријата, се обезбедени од моќниот 2.9 V6 Bi-Turbo мотор, направен целосно од алуминиум, способен да произведе 510 КС и 600 Nm максимален вртежен момент при 2.500 вртежи во минута, спуштени на земја благодарение на системот Alfa™ Active Torque Vectoring (Активно векторирање на вртежен момент). 8-брзинскиот автоматски менувач е калибриран за да се добие најдобра флуидност и удобност, но токму во режимот RACE, Giulia го изразува својот целосен потенцијал, со брзи молскавични промени, за само 150 милисекунди. 

Бројните функционални системи за уживање во возењето со кои е  опремена Giulia Quadrifoglio, нудат најавтентично и привлечно искуство зад воланот: Alfa™ Active Suspension, менувач Alfa ™ DNA Pro со начин на возење RACE, Alfa™ Active Aero splitter, координиран и прилагоден да дејствува во реално време со системот Alfa™ Chassis Domain Control, што им овозможува на автомобилот и на возачот секогаш да имаат идеални услови за целосно искористување на исклучителните перформанси на возилото.

За изборот на освојувач на титулата „Спортски автомобил на годината“, уредниците на AUTO BILD SPORTSCARS им понудија на своите читатели 117 тековни модели на возила, поделени во десет категории, од мали автомобили до џипови, како во стандардна, така и во изменета изведба.

image001
Ви треба информација? Разговарајте со нас