Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ја доби титулата ‘Car Of The Year’ од автомобилскиот магазин Top Gear


Автомобилскиот магазин BBC Top Gear и читателската публика ја избраа Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio за ”Автомобил на годината 2016”. Оваа награда се надоврзува на претходните 24 доделени на Giulia од повеќе европски држави.

Giulia Quadrifoglio е најмоќно возило создадено од италијанската марка за секојдневна употреба. Затоа и доби една од најпрестижните награди за автомобили. На оваа награда се надоврзува и првата награда во категорија ‘Автомобил 2016” воведена оваа година за која гласа читателската публика. Комплетната листа со награди е објавена во декемвриското издание на Top Gear UK.

Редакцијата на Top Gear ја дефинираше Giulia како :” модерен и иновативен автомобил кој се базира на ветувањата дадени на клиентите, кои се однесуваат на моторите, однесувањето на патот и нејзината убавина. Ова се карактеристики кои се очекуваат од секоја  Alfa Romeo. А Giulia е над сите.

giulia-quadrifiglio_1600x900_desktop_v2
Ви треба информација? Разговарајте со нас