Alfa Romeo Giulia победи на XXV издание на наградата “Златен компас ADI”
- Предавањето на престижната награда, востановена во 1954, се одвиваше во Кастело Сфорцеско – Кортиле дела Рокета.
- Во текот на церемонијата, публиката можеше да ги разгледа двата автомобили кои ја претставуваат спортската суштина на “ДНК Alfa Romeo”: Giulia Quadrifoglio и 4C Spider “Italia”.
Alfa Romeo Giulia ја доби наградата на XXV издание на “Златен компас ADI”, највлијателната светска награда на полето на дизајнот. Востановена во 1954, наградата Златен компас ADI се доделува по претходно извршена селекција од страна на Постојаната комисија за дизајн при ADI, составена од експерти, дизајнери, критичари, историчари, специјализирани новинари, сите задолжени постојано да собираат информации, година по година за да ги одберат најдобрите производи. Giulia, како и секоја Alfa Romeo, е создадена од совршената рамнотежа помеѓу наследството, брзината и убавината кои ја прават највисок израз на италијанскиот стил на полето на автомобилизмот. Во себе ги соединува сите канони кои го карактеризираат италијанскиот стил и единствениот израз на Alfa Romeo: чувство за пропорции, едноставност и грижа за квалитетот на површината, за иновативниот дизајн, но верна на традицијата која се цени низ целиот свет.
Пропорциите настануваат од севкупната архитектура на автомобилот и се нејзина директна последица како и сите стилски детали кои се надградени на механиката. Новата Giulia се одликува со скратен заден спуст, долг капак на моторот и долги предни поткрила, повлечена кабина, поставена на погонската оска, мускулести задни поткрила кои ја нагласуваат и статички точката во која моќноста се префрлува на површината. Задниот дел, издолжен и типичен за автомобилит со заден погон, ги урамнотежува пропорциите на автомобилот и гарантира соодветен капацитет на товар. Овој општ профил е направен врз основа на поставеноста со моторот, напред и надолжно и на задниот погон, како и на механичките органи за да се добие најдобра распределеност на масата. Оттука произлегува и екстремно дарежливото меѓуоскино растојание содржано во една компактна каросерија. Овие пропорции ја генерираат динамичката форма, како што се заклучува од елипсата која се гледа на скицата. Покрај тоа, заоблените агли и превиените рамки му даваат полет на автомобилот, создавајќи профил во форма на “капка” која потсетува на еден од најубавите автомобили на сите времиња: Giulietta Sprint.
Вториот аспект на италијанскиот стил е “едноставност” која ги крие сите креативни процеси кои се многу комплексни во индустријата: проектирање на еден автомобил. Всушност, задача на стилот е да ја покрие комплексната работа зад една едноставна и природна линија, која ја истакнува елеганцијата на формите и префинетиот вкус Made in Italy. Отсекогаш дизајнот Alfa Romeo се изразува преку делови кои се рачно дизајнирани, поврзани без решение во конитнуитет со чисти и извајани линии. Поради ова, новата Giulia располага со силен дидентитет во неколку црти: истакната линија на страничните делови, која ги обележува вратите и ги „прегрнува“ кваките, и секако легендарниот преден триаголник, најпознатата и најпрепознатлива одлика во светот на автомобилите. Дополнителна карактеристика е квалитет кој се гледа и допира и создава автомобил со богати и хармонични рефлексии и волумени. Однадвор, формата на новата Giulia е извајана и потсетува на голема мачка овековечена во мигот на отскокнување.
Суштински дел на дизајнот на новата Giulia, кој го инспирира проектирањето, е возачот. Внатрешноста на автомобилот го отсликува задоволството при возење на чист и есенцијален начин: се зебележува присуството на неинвазивната технологија меѓу инструментите ориентирани кон возачот. Тунелот е дијагонален, таблата благо брановидна, а воланот, на кој се наоѓаат главните команди, е мал и директен, прилагоден на сите стилови на возење. Како рамка на сето ова, тука се квалитетните материјали избрани по нивниот одраз на допир и на поглед, соединети со филигранска грижа.
Предавањето на престижната награда се одвиваше во Кастело Сфорцеско – Кортиле дела Рокета, каде јавноста можеше да ужива во примерокот на Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, најмоќниот автомобил на сите времиња создаден од оваа марка, наменет за патничка употреба, како и ексклузивната 4C Spider во специјалната серија “Italia”.
Првиот автомобил е опремен со бензински мотор V6 BiTurbo со 510 КС и 600 Nm, целиот во алуминиум, со можност да помине од 0 до 100 km/h за само 3,9 секунди и нуди сооднос тежина/моќност на врвот во категоријата – 2,99 kg/КС – благодарение на проширената употреба на материјали како карбонски влакна за кровот, капакот на моторот, предниот splitter, задниот nolder, страничните инсерти во калниците. Настрана од Giulia, е 4C Spider “Italia”. Специјална серија која се издвојува по бојата на каросеријата, сина Blu Misano, инсерти во црна сјајна боја во браниците, ексклузивно на 108 примероци од оваа колекционерска верзија. Однадвор паѓаат в очи наплатките со пет отвори со асиметрична поставеност, иконично Alfa Romeo, 18” напред и 19” позади, со клешти на сопирачките во жолта боја, кои соодветствуваат со шевовите на седиштата, таблата, воланот во кожа и тапацирот на вратите. На страниците се наоѓа стикер во три бои, наменет за “Spider Italia”. 4C Spider “Italia” ја нуди својата стандардна опрема, плус централна удвоена цевка на издув Akrapovič со функција dual mode и рамка во карбонски влакна. Во опремата спаѓа и Hi-Fi premium Alpine, co subwoofer, нумерирана плочка на централниот тунел и алуминиумски инсерт на таблата со графика “Italia”.
