Alfa Romeo Logo

Модели

Емоции на зелениот терен и на пистата во финалето на Alfa Romeo Golf Challenge


  • Крајот на недела исполнета со натпревари и елеганција ја зацврсти соработката помеѓу брендот Alfa Romeo и голфот.
  • Во саботата Castelconturbia Golf Club беше домаќин на финалето на Alfa Romeo Golf Challenge.
  • Во неделата сите учесници имаа можност да ги возат Stelvio, Giulia и 4C на патеката во Балоко (Верчели): перформанси без компромиси и огромно задоволство при возење, во потполна безбедност.
  • Средбата се обновува во 2018 co четириесет етапи низ цела Европа.

Викендов, во Castelconturbia Golf Club во Аграте Контурбија (Новара), се одржа финалето на интернационалниот Alfa Romeo Golf Challenge, емотивен настан преку кој беа изразени суштината и двете остварувања premium. Страст, спортски стил, рамнотежа и перформанси кои всушност ги спојуваат Alfa Romeo и голфот, а ваквите вредности се изразени и ценети насекаде на најпрестижните”зеленила” во Европа.
Помеѓу еден swing и еден putt, гостите имаа можност да ги испробаат Stelvio, првото SUV возилот во историјата на Alfa Romeo, Giulia, најавтентичен израз на брендот од Бишоне и 4C, спортскиот дострел израз на максимална моќност.

Финалето вклучи 29 победници на етапите на Alfa Romeo Golf Challenge во Италија, Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија, за да добие богат завршеток на спектакуларните удари и траектории кои зачудуваа  со својата прецизност. Истата прецизност со која Alfa Romeo Stelvio, Giulia и 4C се искажаа на патеката во Балоко нудејќи им на гостите перформанси без компромиси и огромно задоволство, при потполна безбедност. Stelvio, првото SUV возило во историјата на прекустолетната марка, одново испиша правила во категоријата поставувајќи нови референци во однос на перформансите; Giulia е спортска лимузина кај која функционалната убавина и динамиката се комбинираат меѓу себе за да постигнат што подобри перформанси; 4C ги втемелува спортското битие во”ДНК на Alfa Romeo” во поглед на стилот кој го одзема здивот, техничката извонредност и перформансите.

Популарниот Alfa Romeo Golf Challenge ќе продолжи со истата формула и во новата голф сезона, овој пат проширувајќи се на четириесет етапи и понатаму низ Италија, Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија. По гостувањето во Шпанија, првата средба на програмата во Италија ќе биде во Рим, во Olgiata Golf Club, на 21 април. Ќе иа уште седум средби на “зеленилото” низ Италија каде ќе може да се доживее чувството на предизвик:

–    6 мај, Monasteri Golf Resort, Сиракуза

–    13 мај, Golf Club Colli Berici, Виченца

–    2 септември, Golf Cà degli Ulivi, Верона

–    9 септември, Adriatic Golf Club, Червиа (Равена)

–    15 септември, Golf Club Cherasco, Кунео

–    23 септември, Golf Club Biella Le Betulle, Биела

–    29 септември, Golf Club Tolcinasco, Милано

180326_Alfa_Romeo_Golf_Challenge_HP
Ви треба информација? Разговарајте со нас