Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Tonale избран за “Новитет на годината за 2023” на специјализираното списание за автомобилизам Кватроруоте (Quattroruote)


  • Co 18% предност пред конкурентите според читателите на Кватроруоте (Quattroruote), електрифицираниот C-SUV на италијанската марка триумфира во палетата на 20 нови модели избрани од страна на редакцијата.
  • Co Tonale, Alfa Romeo ја редефинира парадигмата “Ефикасен спортски дух“: електричен за секојдневна употреба, хибриден за одење надалеку. Првиот чекор кон спортскиот дух на иднината според Alfa Romeo.
  • Од 2000-та, па сè до денес новите модели на Alfa Romeo ја освојуваат посакуваната титула.

Alfa Romeo Tonale триумфира на конкурсот за „Новитет на годината 2023“, којшто списанието Quattroruote го организира од 2000 година. Со 18% предност, според резултатите од гласањето на веб-страницата Quattroruote.it, првиот електрифициран C-SUV на марката преовлада во потесниот избор од 20 нови модели избрани од авторитетната редакција на списанието. Ова е повторна победа за Alfa Romeo: во минатото, всушност, посакуваната титула им припадна на моделите 147 (2001), MiTo (2009), Giulietta (2011), Giulia (2017) и Stelvio (2018).

Рафаеле Русо, директор на Alfa Romeo за Италија, изјави: “Горди сме на престижното признание доделено на Tonale од страна на читателите на Quattroruote, автентичните вљубеници и интернационалните експерти од областа на автомобилизмот. Од кога е воспоставен конкурсот, пред добри 24 години, секој од нашите нови модели ја има освоено титулата, што е  доказ за цврстата врска помеѓу Alfa Romeo и широката јавност. Меѓу останатото, “механичките креации” на Alfa Romeo одат подалеку од концептот на едноставно превозно средство и навлегуваат на територијата на најдлабоките емоции, освојувајќи сечие срце”.

Alfa Romeo Tonale е моделот со кој марката влезе во светот на електрификацијата, притоа задржувајќи ја својата ДНК недопрена, израз на благородната италијанска спортска природа од 1910 година. Единствениот италијански дизајн го наоѓа својот одраз во врвната технологија и поврзаноста на највисоко ниво, потврдено преку софистицираниот систем за информирање и забава. За Tonale, марката смисли уникатни и ексклузивни технички решенија за да ја подобри својата ДНК и да му понуди на купувачот неспоредливо возачко доживување, типично за марката, каде прецизното внимание на деталите се спојува со континуираната потрага по највисок квалитет. Марката неодамна го претстави Tonale Plug-In Hybrid Q4, верзијата со највисоки перформанси на гамата со која марката ја редефинира парадигмата „Ефикасен спортски дух“. Доволно е да се запомни дека Alfa Romeo е најефикасна марка во однос на емисиите на CO2, до 29g/km за да има пристап до градските центри без никакви ограничувања; преку 80 km автономија во чисто електричен режим за максимална секојдневна мобилност; повеќе од 600 km вкупна автономија за возење на долги патувања надвор од град. А, 280-те КС вкупна моќност се тука за да ја гарантираат карактеристичната динамика на возење и спортскиот дух на Alfa Romeo.

Конечно, ќе остане забележано дека на подиумот на конкурсот “Новитет на годината 2023” се искачија уште два модела на групацијата Стелантис: Maserati Grecale и Jeep® Avenger, првиот електричен 100% SUV на марката Jeep, следствено со 14% и 12% од вкупниот број гласови, што докажува дека SUV возилата на Групацијата отсекогаш биле посебно ценети од италијанската клиентела.

fd7bbbdb839f1827fb0a2c2b9de9be7358ed3c09
Ви треба информација? Разговарајте со нас