“Alfa Romeo Racing” ја слави илјадитата трка за Големата награда во историјата на Ф1
Alfa Romeo, која ја освои првата Голема награда на првиот шампионат во историјата на Формула 1, ја одбележува важноста на една од најважните автомобилски трки и со тоа да ги привлече сите вљубеници низ светот: во неделата на 14 април, во Кина, по илјадитит пат се се одржа возбудливата илјадита трка
Долгата и комплексна историја на Формула 1 започна во 1950-ата година, кога оваа дисциплина постигна планетарна димензија со првиот “Светски шампионат во Формула 1”, која всушност се возеше ексклузивно на патеките низ Европа. Тоа е воопшто првата трка која стапи на сцената на свиоците на една од најзначајните патеки досега во овој циркус: Силверстоун, историското седиште на Големата награда на Велика Британија. Пред шеесет години на 13-ти мај, една временска рамка во текот на која светот на автомобилите, во однос на денешниот, се промени на радикален начин. Само два фактори останаа непроменети: топлината на публиката и присуството на едноседот на Alfa Romeo, како на првата, така и на илјадитата трка за Големата награда.
На крајот од Шампионатот, после седумте квалификациски трки, 158-ицата победи на шест од нив, бидејќи, како и останатите европски конструктори не учествуваше на трката 500 Милји во Индианаполис. Од почетокот на ГН во Силверстоун, Alfa Romeo ќе биде непобедлива и ќе ги освои првите три места во класификацијата со Нино Фарина, првиот победник на новосоздадената Формула 1. Успех кој се повтори и наредната година кога едноседот 159 cповторно ја освои светската титула, благодарение на шампионот Хуан Мануел Фанџо.
Тимот на “Alfa Romeo Racing” продолжува понатаму со Антонио Џовинаци, првиот возач од триколорите, осум години од последниот италијански возач на една Формула 1 и со светскиот шампион од 2007 Кими Раиконен, кој може да освои бодови во првите две трки. Така продолжува традицијата на „Quadrifoglio“ (Четирилисната детелина), симболот кој од 1923 ги означува најмоќните Alfa Romeo.
