Тимот на Alfa Romeo Sauber F1 го претстави C37 - Alfa Romeo Makedonija

NEWS

Тимот на Alfa Romeo Sauber F1 го претстави C37

22 February 2018

Sauber_HP_canvas_desk

Тимот на Alfa Romeo Sauber F1 го претстави C37, новиот болид кој ќе учествува на шампионатот во Формула 1 2018.

Болидот изгледа поинаку од C36 од минатата година: тоа се должи пред сè на новите одредби од техничкиот правилник, но и на новиот технички пристап на тимот.

На еден месец пред почетокот на сезоната 2018, Тимот Principal Frédéric Vasseur потврдува: “Едвај чекам да почне сезоната и нестрплив сум да ги видам Маркус (Ериксон) и Шарл (Леклерк) на пистата. Последниве месеци напорно работевме во развојот на C37, употребувавме многу ресурси и ова што денес го претставвуаме е навистина фантастично. Убеден сум дека Маркус и Шарл се совршена двојка на пилоти, бидејќи првиот е експерт, а вториот е ветувачки rookie.  Маркус е веќе четврта сезона со нас. А, тоа е важен елемент за екипата и благодарение на неговото искуство, успева да нѝ даде многу прецизни технички информации. Што се однесува до Шарл, покажа дека има талент во пониските категории и заслужува годинава да му го отвориме патот во Формула 1.”

“Нашата цел за 2018 е јасна: сакаме да ја надминеме празнината во однос на останатите тимови и да ги подобриме нашите перформанси во текот на сезоната. Вложивме многу труд и енергија во развојот на C37. Сакам да се заблагодарам на нашите партнери и на нашите навивачи за постојаната поддршка. Враќањето на Alfa Romeo во Формула 1 претставува уште еден камен во историјата на тимот и гордф сум што една толку значајна историска марка нè избра токму нас за да се врати во нашиот спорт. Нестрпливи сме да започне сезоната 2018 co натписите Alfa Romeo Sauber F1″, продолжува Vasseur.

Враќањето на Alfa Romeo, една од големите марки направија историја во автомобилскиот шампионат Formula 1, го враќа во колото “Quadrifoglio”, легендарниот симбол кој од 1923 ги истакнува највисоките достигнувања потпишани од Alfa Romeo во трката. Поставено на модулот “engine cover” на новиот C37, познатата четирилисна детелинка која носи среќа, има зад себе восхиувачка историја која длабоко ги всадила своите корени во тркачкиот свет. Првиот автомобил Alfa Romeo со назнака Quadrifoglio беше “RL” на Уго Сивочи кој победи на XIV издание на Targa Florio во 1923. Истиот амблем се појавува и во 1925 на “P2″ на Брили пери кој триумфира на првиот “Светски шампионат во автомобилски трки”, прв со пет светски титули кои ги освои Alfa Romeo, и во 1950 и 1951 кога Џузепе “Нино” Фарина и Хуан Мигуел Фанџо ја однесоа Alfa Romeo 158 и 159, славните “Alfetta”, до успехот на двата светски шампионати во Формула 1. И денес легендарниот симбол се враќа на голема врата на автомобилскиот шампионат покажувајќи му на целиот свет колку e сè уште силна и моќна филозофијата Alfa Romeo, односно онааа постојана потрага поизвонредностприменета кај тркачките коли која потоа се пренесува во целост и на восилата од сериско производство. Легендата продолжува.

Техничкиот директор Jörg Zander објаснува: “Прекрасно е што конечно го откриваме C37. Автомобилот за шампионатот 2018 е резултат на тешка работа од страна на целиот персонал во фабриката во последниве месеци . Основна филозофија на C37 на осетлив начин се разликува од онаа на која се градеше C36. Аеродинамиката значајно се разликува, а C37 претставува и неколку разлики во однос на претходниот болид. Сигурни сме дека новата концепција нуди поголеми можности и ќе овозможи истите да се зголемат во текот на сезоната. И моторот на Ferrari 2018 ќе придонесе за подобрување на перформансите. Да се надеваме дека со C37 ќе успееме да направиме прогрес и да бидеме поконкурентни во однос на 2017.”

C37 ќе ги направи првите официјални кругови во текот на зимските тест возења кои ќе се изведат на Circuit de Catalunya, во близина на Барселона, почнувајќи од 26 февруари па се до 1-ви март 2018.

Најново од Alfa Romeo