Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo се враќа во Formula 1


 

  • Alfa Romeo се враќа во Formula 1 по отсуството од 30 години
  • Alfa Romeo и Sauber F1 Team потпишаа повеќегодишно партнерство кое предвидува соработка на стратешко, комерцијално и технолошко  ниво
  • Oфицијалното име на екипата ќе биде Alfa Romeo Sauber F1 Team

Престижниот бренд на Групацијата Fiat Chrysler Automobiles (FCA) денес потпиша повеќегодишно техничко-комерцијално партнерство со швајцарскиот тим Sauber F1 Team почнувајќи од сезоната 2018 на Formula 1.

Бојата на едноседите ќе се карактеризира со единствената боја на Alfa и на марката на брендот за квалитет на Насловниот спонзор. Едноседите ќе бидат опремени со мотори на Ferrari 2018.

Договорот предвидува и соработка на стратешки, комерцијален и технолошки во сите можни сфери на развој преку размена на инжењери и специјачизиран технички персонал на Alfa Romeo. Партнерството ја сочинува основата за натамошни можности за двете фирми во Formula 1 и генерално за автомобилскиот сектор.

Тимот ќе се вика Alfa Romeo Sauber F1 Team.

“Договорот со Sauber F1 Team – објаснува Серџо Маркионе, главниот извршен на FCA – претставува значаен чекор во реконструкцијата на брендот Alfa Romeo кој, со враќањето во Formula 1 по отсуство од тркачките патеки од преку 30 години, се враќа на шампионатот каде претставува една од марките кои ја испишаа историјата на овој спорт, така што ќе им се придружат на автомобилските куќи кои учествуваат на Formula 1. Самиот бренд, ќе има прилика да врши техничка и стратешка размена со искусен партнер како што е Sauber F1 Team, како и инженери и специјализиран технички персонал на Alfa Romeo, кои веќе се потврдија со своите можности за проектирање на новите модели Giulia и Stelvio, и ќе можат да го прошират нивното искуство, носејќи во Sauber F1 Team, извонредни авангардни технички решенија. Истовремено, сите вљубеници во Alfa Romeo ќе можат одново да навиваат за еден конструктор на автомобили коj е предодреден да испише ново поглавје во својата единствена и легендарна спортска историја”.

Паскал Пичи, претседателот на Sauber Holding AG, изјави: “Многу сме задоволни што можеме да ја примиме Alfa Romeo во Sauber F1 Team. Alfa Romeo има долга историја на успеси во големите награди и горди сме што една интернационална компанија од калибарот на Alfa Romeo избра да работи со нас на своето враќање на најголемото автомобилско натрпеварување. Да се работи во близок контакт со автомобилска легенда, претставува голема можност за Групацијата Sauber дополнително да ги развива сопствените технолошки и инженерски проекти. Се наоѓаме на стартот на она што сме сигурни дека ќе биде успешно и долгогодишно партнерство, со верба дека со заедничка работа ќе успееме да го понесеме Alfa Romeo Sauber F1 тимот кон постигнување на престижни резултати”.

Враќањето на Alfa Romeo во светот на F1 претставува враќање на една од марките кои ја испишаа историјата на најголемото автомобилско натѕрпеварување и на пистата ќе донесе не само голема традиција, туку пред сè значаен придонес за развој на трките со спортски, технолошки и профил кој ќе привлече голем број вљубеници во марката, без да сметаме на одразот во инвестицијата во поглед на на технолошкиот трансфер и сигурност на пат за што ќе има полза и брендот.

Alfa Romeo е синоним за трки и технолошки престиж во целиот свет. Бескомпромисна кралица на Трките за Големата награда во Англија (во 1925 ГП Типо П2 доминираше на првиот Светски шампионат), Alfa Romeo учествуваше во Formula 1 од 1950 па сè до 1988, и како конструктор и како добавувач на мотори. Уште на почетокот во 1950 и во 1951, Alfa Romeo победи на првиот Светски шампионат со пилоти као Нино Фарина и Хуан Мануел Фанџо. Од 1961 до 1979 Alfa Romeo учествуваше како добавувач на мотори за различни тимови од F1. Откако се врати во 1979 како конструктор, Alfa Romeo го освои шестото место како најдобар резултат на шампионатот за конструктори во 1983. Потоа марката се повлече од Formula 1 во 1985 како тим и денес, после повеќе од 30 години, се враќа во улога на протагонист.

 

00_HP_canvas_desk (1)
Ви треба информација? Разговарајте со нас