Alfa Romeo Stelvio освои 5 ѕвездички Euro NCAP
- Вкупната оценка на првиот SUV во историјата на брендот, со апсолутна превласт во категоријата за заштита на возрасни патници со секаква става
- Ова важно признание го потврдува особеното внимание на Alfa Romeo за аспектите поврзани со заштитата на сите учесници во сообраќајот и надмоќ на платформата од која произлегуваат Stelvio и Giulia.
Alfa Romeo Stelvio ги доби престижните пет ѕвездички Euro NCAP со резултат од 97% за заштита на возрасните патници, извонреден резултат, имајќи го предвид строгиот систем на оценување воведен во 2016. Внатрешноста на првиот SUV во историјата на Alfa Romeo остана стабилна на тестот при директен судар: заштитени се сите критични предели на телото и на екстремитетите на совозачот и на извршениот тест за удар во тврда бариера.
Тестовите на предните седишта и на потпирачите за глава покажаа заштита од скршеници на телото во случај на удар одзади. Инаку, Alfa Romeo Stelvio во сериска опрема располага со систем за автономно кочење во итен случај. Тестовите на функционалност при ниски брзини, типични за градско возење покажаа добри перформанси, при што беа избегнати судари при сите брзини кои беа применети.
Ваквите резултати се постигнати благодарение на двата основни елементи на новиот SUV Alfa Romeo: ефикасноста на школката која е толку тврда и отпорна колку и лесна која е направена од ултралесни материјали како алуминиум и композитен алуминиум и поставување на бројни, иновативни безбедносни уреди кои реагираат како помош при возење полно со возбуда , благодарение на специјално проектираната шасија и суспензиите, кои никогаш не се покажаа инвазивни.
Alfa Romeo Stelvio е проектиран како дел од семејство, семејството “Giorgio” („Џорџо“), што е име за архитектурата, кое го среќаваме кај сите верзии на Giulia. Тоа е специјално развиена архитектура која има пружа на сите автомобили Alfa Romeo перформанси, управливост, контрола и сигурност на највисоко ниво, како што го докажаа и петте ѕвездички Euro NCAP кои претходно ги доби Giulia. Значајна инвестиција која дава извонредни резултати.
