Alfa Romeo Stelvio е “Новитет на годината 2018”
Уште едно престижно признание за Stelvio. Омилен од страна на читателите на Quattroruote, првиот SUV на марката
Alfa Romeo, ја освои најмногу посакуваната награда на ова месечно списание. Првото место на конкурсот што го освои Alfa Romeo Stelvio следи по успехот на спортската лимузина Giulia која победи на минатото издание.
Церемонијата на доделување се одржа во Милано, за време на “Quattroruote Day”. Пред плејада авторитети од автомобилската индустрија, новинарството и автомобилизмот, наградата ја прими Алфредо Алтавила, оперативен директор на FCA Emea.
Со 34,2% од гласовите на читателите на Quattroruote, кои ги искажаа своите мислења преку веб страната на списанието, првиот SUV Alfa Romeo победи конкуренција од највисоко ниво, потавувајќи се на првото место преддури 12 модели кои припаѓаат на различни марки и сегменти. Победата е уште позначајна ако се знае големата разлика со второпласираниот модел (10% во гласови) и третопласираниот (9,2%).
Започнат во 2000, на конкурсот досега триумфирале дури дванаесет модели на FCA, последен пат минатата година кога победи спортската лимузина Giulia, прва од новата генерација на Alfa Romeo која, исто како и SUV Stelvio, претставува стилска и автомобилска извонредност Made in Italy во светот. Меѓудругото, за FCA страста и вниманието на читателите кон оваа титула е признание и заQuattroruote како целата негова редакција.
Титулата “Новитет на годината 2018” ја подтврдува несомнената привлечност со која Stelvio ја освојува широката јавност. Секако, благодарение секако, на неговиот елегантен и спортски стил надополнет со извонредните возни карактеристики и максимални перформанси кои успева да ги подари. Stelvio, го искажува автентичниот “дух Alfa” кој, за прв пат, после преку еден век историја, се појавува во еден sport utility. Инаку, моделот претставува врв на сигурност, ги поседува петте ѕвездички на Euro NCAP, и ја има титулата “најбрз SUV на писта” благодарение на рекордниот круг на Stelvio Quadrifoglio на легендарната германска патека во Нирбургринг.
