Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Stelvio GT Junior: италијански начин на уживање во животот


  • Иконата GT 1300 Junior, манифест на животот во ‘60, оживува во ексклузивната специјална серија на Stelvio GT Junior.
  • Alfa Romeo GT 1300 Junior се потврди како икона на стилот, симбол на една епоха која се карактеризира со желбата за социјално преземање. Протагонист во филмовите и рекламните спотови, GT 1300 Junior се поврзуваше со идеалот за спортски начин на живеење и посебен функционален дизајн и со перформансите.
  • Ненадминливите предности кои оживуваат во ексклузивната специјална серија, нагласени со окер бојата Lipari, нијанса со силна личност која потсетува на традиционалната хроматска дрскост на Alfa Romeo

Alfa Romeo му оддава дополнителна почит на своето незаменливо историско наследство со претставување на новата специјална серија Alfa Romeo Stelvio GT Junior, инспирирана од GT 1300, икона од 1960-тите години. Ексклузивното ограничено издание се базира на нивото на опременост „Veloce“, најспортско во гамата и надворешно се одликува со волшебната боја окер Lipari, инспирирана од нијанси дефинирани како „Олд тајмери“: карактеристично наследство “Heritage” на марката и нејзината традиционална смелост во изборот на бои со силна личност. Однатре се одликува со спортска суштина, со кожни седишта со електрично прилагодување кои се одликуваат со карактеристичен извезен натпис “GT Junior” на предните потпирачи за глава, како и специфичниот начин на шиење, додека на контролната табла има елегантен вез и силуета на GT 1300 Junior од ’60 години.

На овој начин се комплетира триптихот на успешни лансирања за марката Бишоне, кој за неколку месеци веќе забележа многу брзо „распродадени“ возила од 500-те примероци на GTA/GTAm лансирани во мај и одлични продажни перформанси на Stelvio „6C Villa d’ Есте “. Alfa Romeo затоа ја потврдува својата неспоредлива способност да создава автомобили со естетски и функционални капацитети кои траат во времето и инспирираат модели со апсолутна актуелност.

Giulia GT 1300 Junior: манифест на една епоха

Ексклузивната специјална серија на еден од најиконските модели на марката, незаборавната GT 1300 Junior која, во декадата на производство започната во 1966, беше продадена во речиси 100.000 примероци.
Произлезена од Giulia Sprint GT, co каросерија Bertone и мотор со 89 КС, GT 1300 Junior многу брзо се потврди како автомобил кој потполно го икарнира духот од ’60 години, кога настана ренесанса и економски бум и кога беше можно се остварат соништата да се поседува елегантен и спорстски автомобил: не случајно, рекламното мото на Alfa Romeo од тој период гласеше: „Една победа дневно, со автомобилот за секој ден”.
GT 1300 Junior претставуваше прекрасна најава за рамнотежата помеѓу убавината и функционалноста типични за Alfa Romeo, амбасадор на „безвременски дизајн“ со лесни, но моќни форми, подготвени да истрелаат, како оние на еден спортист.

Stelvio GT Junior: безвременска убавина

Истите вредности и истите карактеристики се среќаваат во актуелното Ограничено издание „GT Junior“ на Stelvio, опремено со мотор со 210 КС 2.2 Турбо Дизел, со 4 цилиндри од алуминиум, со карбонско преносно вратило, во комбинација со 8-брзински автоматски менувач и со погон на сите тркала. Покрај смелата окер боја Lipari, Stelvio „GT Junior“ однадвор се карактеризира со лесни  21-инчни алуминиумски тркала  со пет отвори. Алуминиумските автоматски рачки за менување брзини, вградени во управувачката летва, се стандардни, а достапни се и ADAS L2 системите, предни сензори за паркирање, безжичниот полнач и автоматски управувана задна врата.

 

Сериската опрема се комплетира со затемнети задни стакла, пакет за намалување на бучавата, држачи на ретровизорите dark miron и led светла за магла.

Насловна
Ви треба информација? Разговарајте со нас