Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio наградена со “Driver’s Award” на манифестацијата Carwow Awards 2018 - Alfa Romeo Makedonija

NEWS

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio наградена со “Driver’s Award” на манифестацијата Carwow Awards 2018

24 October 2018

171206_Alfa-Romeo_Stelvio-Quadrifoglio_39

  • Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е првиот добитник на штотуку воведената награда “Driver’s Award” на церемонијата на доделувањето на наградите во рамките на Carwow Awards 2018 која се одржа во Лондон.
  • Престижниот SUV е награден за динамичките перформанси кои ги обезбедува моторот 9 V6 Bi-Turbo бензин со 510 КС.

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е првиот добитник на наградата “Driver’s Award” на доделувањето на престижните награди Carwow Awards 2018, годишна церемонија наменета на најдобрите автомобилски новитети која се одржа во стаклената кула Шард, во Лондон.

Победникот на “Driver’s Award” е избран од група експерти на Carwow, кои го оценуваа Stelvio Qauadrifoglio, SUV со потписот на Alfa Romeo, како најмоќен кој воопшто се појавил на патиштата, поставувајќи го пред значајните конкуренти како што се Honda Civic Type R и Mazda MX-5.

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio, може да се пофали со рамномерно распределената тежина помеѓу осовините, архитектура на интегрален погон и е опремен со  бензински би-турбо мотор V6 со 510 КС и 2,9 литри, што му овозможува да достигне максимална брзина од 283 km/h и забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди.

Жирито на Carwow прокоментира: “Можеби нема да биде SUV кој нуди најдобри перформанси, но сепак Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio има долг список на понудата за најдобро уживање при возењето, многу е позабавен од поголемиот дел чисто спортски автомобили и поради тоа му се доделува наградата Driver’s Award на Carwow. Тоа е автомобил кој навистина има сè!”

Ендрју Трејси, маркетинг и директор за продажба на Алфа Ромео, изјави: “Признанието што го добивме од Carwow Awards е огромен успех за Алфа Ромео и е сведоштво за страста и посветеноста кои нè водеа во создавањето на спортски SUV автомобил, со естетска убавина и извонредни перформанси. Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio штотуку беше лансиран на британскиот пазар и затоа наградава претставува извонреден почеток на неговата историја овдека.”

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е опремен со напредни технолошки системи кои настојуваат да ги доведат до максимум динамичките перформанси како што се Alfa Chassis Domain Control, Alfa™ DNA Pro co начин на возење Race и интегрален погон на Alfa™ Active Torque Vectoring.

Иновативни сигурносни системи меѓу кои Forward Collision Warning, автоматски систем за ненадејно кочење кои ги откриваат пешаците, како и Lane Departure Warning, кои се во серија на целата гама и придонесоа Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio да ги добие престижните пет ѕвездички на Euro NCAP.

Најново од Alfa Romeo