Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio прогласен за “SUV на годината”
Моќниот врвен модел на палетата, Stelvio победи на натпреварот на списанието AUTO ZEITUNG: Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio уште еднаш го освои првото место, победувајќи ја конкуренцијата од главните германски, италијански и англиски брендови.
Моделската година 2020 на првиот теренец кој исто така е и Алфа Ромео, во најмоќната од верзиите што ја одликува марката, иконскиот Quadrifoglio, повторно ја доби наградата од пред две години. Списанието за автомобили AUTO ZEITUNG уште еднаш го прогласи врвниот модел за „SUV на годината“. Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio ја доби најдобрата оценка меѓу единаесетте конкуренти, вклучувајќи ги и најмоќните SUV на главните германски, италијански и британски брендови.
Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е опремен со би-турбо бензински мотор од 510 КС V6, кој ви овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,8 секунди и постигнување на максимална брзина од 283 km/h. Ракувањето и агилноста на овој теренец се резултат на електронски контролираната активна суспензија (AlfaTM Active Suspension), AlfaTM D.N.A. Prо динамичка контрола на возењето, на која е додаден режимот за изведба „Race“, системот за сопирање Brembo® со високи перформанси, погонот на сите тркала AlfaTM Q4, идеалната распределба на тежината (50/50) помеѓу преднaтa и задната оска и од исклучително директниот управувач. Спортските седишта тапацирани во кожа и Alcantara® дополнително го подобруваат уживањето во возењето, како и осумстепениот автоматски менувач со команди на воланот. Набргу по своето деби, Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio го постави рекордот на кругот, кај сериските автомобили SUV, на легендарната патека во Нирбургринг „Nordschleife“. Меѓу главните иновации на MY20, се напредните електронски системи за помош на возачот, кои овозможуваат да се постигне ниво на автономно возење на ниво 2, и системот за информирање и забава од новата генерација, опремен со екран на допир од 8,8“.
