Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio e “Sportscar of the Year”
Читателите на германското списание BILD SPORTSCAR го прогласија за победник SUV-от Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio со 375 kW (510 КC), врвот на гамата Stelvio, на конкурсот Спортски автомобил на годината во категоријата “SUV од увоз“. На конкурсот учествуваа 110 модели во десет категории.
“SUV-от Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio всушност е спортски автомобил во секој поглед”: ова го мислат читателите на списанието AUTO BILD SPORTSCAR кое, во бројот 01/20 од 13 декември 2019, го крунисаа SUV-от Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio со 375 kW (510 КC) со титулата “Sportscar of the Year 2019” (Спортски автомобил на годината 2019). Моделот кој е врв на гамата на брендот од Бишоне се најде на првото место во категоријата “SUV од увоз”. “Влезот на Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio во ексклузивниот круг на “Спортски автомобили на годината” на недвојбен начин ја покажува високата позиција која ја ужива нашиот SUV помеѓу вљубениците во спортски автомобили”, изјави Кристина Маури, маркетинг директор за брендовите Alfa Romeo и Jeep. “После сè Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio не е само еден од најмоќните автомобили во сегментот, туку е вистински спортски автомобил благодарение на неговата динамика на возење и на неговата агилност”.
Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е опремен со бензински мотор V6 битурбо од 2,9 литри, чија исклучителна моќ е пренесена на пат на ефикасен и безбеден начин преку интегралниот погон AlfaTM Q4. Извонредната погонска сила која ја дава овозможува забрзување од нула до 100 km/h за само 3,8 секунди и максимална брзина од 283 km/h. Интегралниот погон AlfaTM Q4 е идеален за соочување на пат со максимална безбедност. Сериската опрема на Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio вклучува и самоблокирачки диференцијал со активна распределба на максималниот вртежен момент на задната осовина (AlfaTM Active Torque Vectoring), AlfaTM Chassis Domain Control, единствена централна “интелигенција” на автомобилот реализирана од Alfa Romeo, co сопственички алгоритми за раководење во реално време на хармоничен начин на сите електронски уреди кои интервенираат на однесувањето на пат, правејќи го возењето екстремно природно, инстинктивно и безбедно. Тоа е она што ние во Alfa Romeo сакаме да го викаме “втор мозок” на автомобилот, затоа што првиот е и секогаш ќе биде оној на возачот, фундаментално и централно поставување на секој проект потпишан од Alfa Romeo. Изборот на “Sportscar of the Year” на читателите на AUTO BUILD SPORTSCAR беше направен помеѓу 110 актуелни модели поделени во десет категории.
