Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio


Првиот “Quadrifoglio” истовремено е и SUV.
Stelvio Quadrifoglio, новиот модел кој постигна бројни рекорди во својата категорија, стана и референтна точка во сегментот на компактните SUV premium возила.
Изненадувачки по дизајн, перформанси и технологија, Stelvio Quadrifoglio е “најбрзиот SUV на писта” кој на митскиот круг во Нирбургринг го постигна новиот рекорд во категоријата: 7 минути, 51 секунди и 7 десетинки.
Stelvio Quadrifoglio е опремен со ексклузивен мотор 2.9 V6 Bi-Turbo бензинец, од алуминиум и инспириран од технологии и технички компетенции Ferrari, кој испорачува 510 КС максимална моќност при 6.500 вртежи/минута и развива максимален вртежен момент од 600 Nm помеѓу 2.500 и 5.000 вртежи/минута. На моторот е прилагоден автоматски менувач со осум брзини со специфична калибрација, којшто овозможува промени на само 150 милисекунди во начинот на возење Race. Помеѓу дргуото, за да се доведе до максимум искуството на возење, моделот нуди во сериска опрема алуминиумски рачки за менување брзини на воланот, интегрирани во управувачкиот столб.

Перформансите се извонредни: забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди и максимална брзина од 283 km/h, најголема во категоријата. Но, спортскиот SUV на Alfa Romeo се покажува и особено ефикасен во емисиите на издувни гасови и во потрошувачката, благодарение на системот за деактивирање на цилиндрите со електронска контрола и на функцијата “sailing”, која е на располагање во начинот на возење Advanced Efficiency.

За прв пат моторот 2.9 V6 Bi-Turbo бензинец од 510 КC е прилагоден на иновативниот систем со интегрален погон Q4 кој гарантира максимално ниво во однос на перформансите, погонот, задоволството при возење и безбедноста во сите ситуации. Инаку, Stelvio Quadrifoglio е опремен со екслузивниот систем за контрола AlfaTM Chassis Domain Control и е единствениот SUV во неговата категорија кој во сериска опрема има диференцијал AlfaTM Active Torque Vectoring. Инаку, исто така во серија, е вграден иновативниот AlfaTM Active Suspension, систем за активна и постојана контрола на суспензијата и на амортизерите. Не сметајќи дека Stelvio Quadrifoglio обезбедува максимум во однос на handling и комфор, благодарение на шемата на суспензиите  со ексклузивна технологија AlfaLinkTM: на предната оска и со двојни вилушки поставени една над друга, на задната оска има  Multilink со четири и пол вилушки. И при секоја брзина на движење, возењето на SUV Quadrifoglio е секогаш природно и инстиктивно, благодарение и на најдиректниот сооднос на вртење на пазарот (12,1:1).
Stelvio Quadrifoglio ги задржува двата примати во категоријата коишто го прават возило со најдобри перформанси во категоријата SUV во сегментот: co тежина на суво од 1.830 kg, моделот располага со најдобар сооднос тежина/моќност во категоријата (3,6 kg/КC) и најдобра специфична моќност (176 КC/l). Овие извонредни резултати, кои се и показател на високо задоволство при возење, се постигнати преку совршена дистрибуција на тежината помеѓу двете оски и користењето на ултралесни материјали како карбонски влакна за карданско вратило и алуминиум за моторот, суспензиите, сопирачките, вратите, поткрилата, хаубата и задната врата.

Дополнителна карактеристика на Stelvio Quadrifoglio е иновативниот електромеханички систем Integrated Brake System (IBS) – ексклузивен за марката Alfa Romeo, кој се појави на Giulia – и којшто стана нов систем по кој се мерат останатите како во поглед на спремниот одговор и просторот на запирање на какво и да е тло по кое се движи, така и за намалувањето на тежината во однос на традиционалниот сопирачки систем. По барање, веднаш по излегувањето ќе бидат на располагање и дискови на сопирачките карбо-керамички со високи перформанси.

Екстремните перформанси и авангардната технологија наидуваат на соодветен одговор во единствениот стил на Stelvio Quadrifoglio, максимална синтеза на италијански дизајн, интерпретиран преку Alfa Romeo, плод на совршена синергија помеѓу формата и функцијата кои се развиваат преку сензуалното и стлетско тело на автомобилот. Помеѓу најзначајните карактеристики на новиот модел се и хаубата и структуралните истакнувања на преминот од внатре кон надвор на просторот за мотор; спортскиот страничен спојлер и моќните лакови на поткрилата, сите во боја на каросеријата; четирите цевки на издув.

Истиот спортски белег, со допир на типична италијанска елегенација, се наоѓа во внатрешноста, каде е „скроена“ една префинета „облека“, со филигранска прецизност и квалитетни материјали: карбонски влакна, кожа и Alcantara. И на средината на таблатановиот систем за информирање и забава AlfaTM Connect 3D NAV 8.8″. Системот поседува Apple CarPlay, најинтелигентниот и најсигурниот начин за користење на iPhone за време на возењето.
И Android Auto е компатибилен со новиот систем за информирање и забава, за да се доведе Google директно во автомобилот.

 

171203_AR_Stelvio-Quadrifoglio_01_slider
Ви треба информација? Разговарајте со нас