Концептот на Алфа Ромео, Tonale ја доби наградата од читателите на списанието Auto Express, Readers’ Choice Award
- Tonale ја доби наградата Readers’ Choice Design Award 2019.
- Tonale беше претставен на јавноста на Саемот за Автомобили во Женева во март месец оваа година, а своето деби во Велика Британија го имаше во почетокот на месец јули на “Festival of Speed” во Гудвуд.
Концептот на Алфа Ромео, Tonale ја доби наградата за дизајн Readers’ Choice Design Award на значајниот конкурс Auto Express Awards 2019 неколку дена по воодушевувањето што го предизвика при неговото претставување на “Festival of Speed” во Гудвуд, Велика Британија.
Наградата ја доделуваат читателите на списанието Auto Express, со што ова признание добива посебно значење за дизајнерскиот тим на Центарот за стил на FCA во Торино.
Стив Фаулер, главниот уредник на Auto Express, изјави: “Не треба да изненадува тоа што Алфа Ромео се најде на првото место на подиумот во нашата анкета за дизајн. После сè, марката има преку 100-годишно искуство во создавањето на најубавите автомобили на светот. Tonale е сигурно помеѓу поголемите успеси на Алфа Ромео и нестрпливи сме да дознаеме како овој концепт ќе прерасне во сериски автомобил.”
Скот Кругер, директорот за дизајн во Алфа Ромео, изјави: “Бидејќи е првиот електричен plug-in хибриден модел во гамата, Tonale е исклучително важен концепт автомобил за Алфа Ромео: требаше да биде и функционален и естетски извонреден”.
Скот додаде: “Голема чест е да се добие наградата од читателите на Auto Express. Фактот дека вистинските фанови на автомобилите воопшто гласаа за Tonale е фантастичен и целиот дизајнерски тим е воодушевен од приемот кој концепт автомобилот го добива”.
